16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов се излежава кај Брат Љубе во Ровињ, Апасиев во монденско одморалиште...

Шилегов се излежава кај Брат Љубе во Ровињ, Апасиев во монденско одморалиште во Црна Гора?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скопските пожарникари во четвртокот го имаа најактивниот и најтежок ден рече командантот на скопската противпожарна единица на град Скопје, Владимир Симоновски вчера. И покрај 22-те интервенции и пожарите што наеднаш се појавија на неколку локации околу главниот град, на лице место не беше и градскиот татко, Петре Шилегов, кого го нема во јавноста веќе неколку дена.

<

И јавноста и дел од опозициските партии обвинија дека за време на оваа катастрофа, Шилегов е на одмор. Шпекуцациите велат дека тој веќе некое време е во Хрватска и тоа во вилата на Љубе Бошковски. Станува збор за луксузна вила во местото Бале, кај Ровињ на Истра.

Иако за македонската јавноста вилата „Лав“ е позната по тоа што е во сопственост на Бошковски, за регионалната е позната како местото во кое се венча хрватската пејачка Северина.

Од Град Скопје повеќе од 30 часа нема одговор на нашите прашања дали скопскиот градоначалник во моментот го користи годишниот одмор.

На истото прашање, но за лидерот на партијата Димитар Апасиев, немаме добиено одговор ни од прес-центарот на Левица, каде од вчера никој не крева слушалка ниту одговара на официјалниот мејл.

И за лидерот на Левица, кој останува гласен на социјалните мрежи, но тивок во одговорите кон медиумите, се зборува дека е на одмор. Шпекулациите велат дека Апасиев се сонча во Црна Гора, но не во обичен смештај, туку во ексклузивно и монденско одморалиште.

 

извор: република

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...