17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонецот Џим Ристевски од Перт Австралија: Моите родители ја напуштиле Македонија качени...

Македонецот Џим Ристевски од Перт Австралија: Моите родители ја напуштиле Македонија качени на Магаре..

Македонецот Џим Ристевски од Порт Кембла, кај Сиднеј, роден во Австралија пред 46 години, син на Нада и Никола од Мариовско, татко на три прекрасни деца, неодамна му подари живот на малиот Јаков од Кочани. За една недела ги собра потребните 50.000 долари. Неговата приказна ја објави Вечер Можеби некој ќе се сети кога се случија големите поплави во 2016 година дека на малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите најблиски, некој му подари 10.000 долари. Тоа бил Ристевски, а и подоцна тој бил организатор на фандрејзинг иницијатива наменета за реконструкција на медицинското училиште д-р „Јован Калаузи” од Битола.

За себе вели дека е потомок на селани од ридовите на Мариово.

– Можам да замислам како ја напуштиле Македонија качени на магаре. Мојот дедо пристигнал во Австралија во 1965 година. Мојот покоен татко пристигнал со баба ми и тетка ми во 1969 година. Татко ми и тетка ми оделе на училиште во Македонија. Мојот дедо е од Скочивир, баба ми е од Петалино. Од страна на мајка ми, мојот дедо бил од Зовиќ,а баба ми била од Гнилеш, вели Ристевски.
Сега, неговата фирма дистрибуира безалкохолни пијалаци низ Австралија и тргува со брзодвижечки потрошни добра со 12 земји. Ги има правата за дистрибуција на некои поголеми брендови во Австралија и Нов Зеланд, а исто така создавал и сопствени брендови. Прославувајќи 30 години во индустријата, Џим Ристевски со братучед му го создале пијалакот Jim, Jimmy&DaJuice.

Последниве 15 години живеели работел во Кина.

– Не заработив многу во Кина, но имам прекрасни спомени и многу мигови исполнети со забава. Се смеевме со баба ми дека моето одење во Кина беше како нејзиното во Австралија, и двајцата не научивме јазик. По толку многу години и проблеми во Кина, решив да го префрлам производството во Македонија и Србија. 15 години Кинезите си играа играчки со мене, си помислив нека си играат Македонците играчки со мене нови 15 години, барем мојот народ си игра со мене, низ смеа вели.

Води и градежна компанија, заедно со неколку партнерисо кои градат над 100 домови годишно.

На прашањето што му е мотив да им помагана луѓе во неволја во татковината на неговите родители, тој е категоричен:„Помагам и на многу луѓе тука во Австралија. Многу сме активни во нашата локална заедница и во спортските организации. На редовна основа поддржуваме организации кои нудат поддршка на лица со посебни потреби. Едно од нив е Божикната забава Кидзвиш- огромен настан со најразлични шоуа и перформанси за 4.000 деца со посебни потреби.Кога бев млад имав некоја состојба на кожата која личеше како сипаници. За време на цело основно образование одев во училиште со долги блузи и панталони во обид да го скријам тоа.

Знам како е да имаш очајна мајка која бара помош.Знам како е да бидеш оттргнат и да те задеваат затоа што си различен. Знам како е да имаш само неколкумина вистински другари кои се тука за тебе.

Од оваа временска дистанца, сега ги жалам тие луѓе кои лошо се однесуваа со мене, гледајќи што направија со своите животи и што стана од нив.Силно верувам дека е многу важно континуирано да се дава на другите луѓе. Мојот дедо беше вистински херој, не можам ни да го замислам неговиот животен пат 60 чудни години наназад, кога немало технологија или пристап до информации како што имаме денес, вели Ристевски.

Целата сторија на Вечер

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...