19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаФранцуски експерти ќе помагаат да се локализираат пожарите

Француски експерти ќе помагаат да се локализираат пожарите

Пожарите не запираат, се уште неколку се активни на територијата на државава а се работи на нивно локализирање. Проблемот во одредени области е тоа што, и по гаснењето на огнените стихии, оганот продолжува под земја, бидејќи горат корењата на дрвјата. За локализирање на овие пожари кои се покомплицирани, ќе помагаат експерти од Франција.

Пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај вчера претпладне бил локализиран по интервенцијата од воздух на двата армиски хеликоптери, но од попладнето повторно е активен на три места.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вчера на прес-конференција рече дека пожарот е спефицичен поради тоа што, откако ќе го изгаснат, тој повторно се активира на одредени места бидејќи подземно продолжуваат да горат корења од дрвјата.

За денеска, како што најави, на терен ќе бидат испратени 30 припадници на Специјалната единица придружувани од француски експерти и четворица Французи кои работат со специјални дронови со термални камери кои можат да го откријат огнот под земја, со цел да се најдат жешките точки кои се невидливи од хеликоптер.

Освен во Скопје, нов пожар е забележан и во атарите на селата Грумази и Ивени во општина Новаци, каде што гори сува трева и нискостеблеста шума, како и над селото Црвена Вода кон планинарскиот дом Китка. Активен е и пожарот меѓу селата Барово и Вешје во општина Демир Капија.

– Пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје во Општина Демир Капија е се уште активен и се прошири кон висорамнината Витачево кон село Страгово во Општина Кавадарци. На рамниот дел пожарот е изгаснат на фронт околу четири километри и засега висорамнината Витачево е безбедна. Пожарот е навлезен во шума во селото Барово, во место викано Балдовец, каде што теренот е стрмен и карпест и нема пристап и начин на приближување за гаснење за што се бара и интервенција од воздух, информираше вчера попладне портпаролката на ЦУК, Надица Вчкова.

Министерството за внатрешни работи досега има приведено 17 лица кои се сомничат за подметнување пожар, а уште 16 се повикани на разговор. Како што објави ресорниот министер Оливер Спасовски во координација со јавен обвинител се работи на расчистување на сите случаи.

Во изминатиот период беа активни неколку големи пожари во чие гаснење се вклучија и пожарникари од Австрија, Словенија, Бугарија…. Помош во хеликоптери и авиони испратија и Србија и Романија.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...