21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Новаци ги покани сите вакцинирани и прележани на летен фолк...

Градоначалникот на Новаци ги покани сите вакцинирани и прележани на летен фолк хит за 2021 година. !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Општина Новаци утре ќе се одржи завршниот настан од манифестацијата Културно – забавно лето, и во општинскиот двор ќе се избира летен фолк хит за 2021 година.

<

Градоначалникот Љубе Кузмановски, кој заедно со општината е покровител на настанот, ги покани заинтересираните да го проследат фестивалот, на кој ќе настапат околу 20 познати музички имиња од домашната фолк сцена.
-Да бидеме одговорни и совесни и да се заштитиме. Новите мерки за заштита ќе важат при одржувањето на фестивалот, а на редарската контрола ќе треба да и приложите задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, или потврда за прележан Ковид-19, првите 45 дена по прележувањето- објави Кузмановски на својата страница.

Манифестацијата Културно – забавно лето во Новаци, општина со околу 1.500 жители, на девет километри од Битола се одржува со години наназад и еден од најпопуларните настани помеѓу населението. Организатор е Модно студио Пикси, односно сопственикот на студиото Благојче Стојановски – Пикси, кој традиционално, ги носи сите попознати музички имиња пред публиката во Новаци.

Годинава на изборот на летен фолк хит ќе настапат Сузана Гавазова, Марјан Коцев, Ирена Спасовска, Сани Гроздановска, Стојне Николова, Лени Партикова, Дамјан Стојаноски, Туше, Борче Наумовски и многу други.

Настаните во склоп на културно-забавното лето во Новаци секогаш привлекуваат многу публика. Така на пример, пред две години, на отворањето на манифестацијата со концерт на Сузана Гавазова, дошле повеќе посетители, отколку што општината имала жители. Тогаш, портпаролот на општината Петар Велјановски, изјави дека имале над 3.000 посетители и над 25.000 прегледи на социјалните мрежи.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...