21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСпецијализантите и младите лекари го осудија говорот на омраза на протестот против...

Специјализантите и младите лекари го осудија говорот на омраза на протестот против Ковид-мерките

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По вчерашниот протест во неколку градови во Македонија, каде протестираа граѓани кои не се согласуваат со рестриктивните мерки за невакцинираните и за кои сметаат дека претставуваат повреда на човековото право и дискриминација со реакција излегоа од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. Од организацијата го осудуваат говорот на омраза кој бил забележан кај дел од демонстрантите, и се заканија дека и тие ќе излезат на улица доколку не бидат заштитени правата на лекарите, па ги повикаа Лекарската комора и Министерството за здравство соодветно да дејствуваат.

<

„Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од Ковид. Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени. Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица“, велат од АСМЛ.

Инаку, дел од коментарите на протестот кои беа забележани се дека според дел од граѓаните кои протестираа, докторите биле убијци, а новинарите биле платеници. Според нив, вакцините биле експеримет, се заканија дека ќе продолжат со протести а доколку се формира Здружение ќе покренат и судски постапки.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...