4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаСветКои се Талибанците? -Мажите морале да пуштаат брада а жените да носат...

Кои се Талибанците? -Мажите морале да пуштаат брада а жените да носат бурка.(ВИДЕО)

spot_img

Во 2001 година Талибанците беа соборени од власт од силите предводени од Соединетите Американски Држави, но групата постепено почнала да се зајакнува и повторно да зазема нови територии. Додека САД, после две децении војна се подготвуваат да завршат со повлекувањето до 11 септември, Талибанците ги заземаат авганистанските воени положби, села, големи градови уште еднаш влевајќи страв помеѓу луѓето на оваа држава.

Талибанците за два дена го освоиле Џалалабад, а потоа и Кабул. Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани ја напуштил земајта, пренесува „BBC“.

Оваа група започнала директни преговори со САД во 2018 година, а во февруари 2020 двете страни постигнале мировен договор во Доха според кој САД беше приврзан да ги повлече своите сили, а Талибанците дека нема да ги напаѓаат американските војници.

Уште едно ветување било да не им се дозволи на Ал Каеда или други екстремисти да оперираат во областите кои тие ги контролираат и дека ќе продолжат националните мировни преговори.

Но, во следната година, Талибанците продолжиле да ги напагаат авганистанските безбедносни сили и цивили. Сега, додека силите на САД конечно се подготвуваат да си заминат, групата повторо е активна и брзо се шири низ земјата.

Доаѓањето на власт
Талибанците или “студенти” во превод на паштунски јазик се појавиле на почетокот на 90-те години во северен Пакистан после повлекувањето на Советските сили од Авганистан. Се смета дека ова, претежно паштунско движење за првпат се појави во верските училишта – кои се главно финансирани од парите на Саудиска Арабија, која ширела учење за тврдокорен вид на сунитски ислам.

Кој сѐ е помеѓу Талибанците
Ветувањата кои ги дале Талибанците – во паштунските области околу Пакистан и Авганистан биле дека ќе ја вратат безбедноста и мирот и дека ќе ја применат строгата верзија на шеријатот и Исламскиот закон, веднаш кога ќе се дојдат на власт.

Талибанците брзо го прошириле своето влијание од југозападен Авганистан.

Во септември 1995 година ја зазеле покраината Херат, на граница со Иран, а точно една година подоцна го зазеле и главниот град на Авганистан, Кабул, соборувајќи го режимот на претседателот Бурхануди Рабани – еден од основачите на авганистанските муџахедини кои пружија отпор на Советската окупација.

До 1998 година тие контролирале околу 90% од Авганистан.

Авганистанците, уморни од суровоста на муџахедините и внатрешните борби по протерувањето на Советите, главно го поздравиле доаѓањето на талибанците кога за првпат се појавија на сцена.

Нивната рана популарност се должи на нивниот успех во искоренувањето на корупцијата, стопирањето на безаконието и претворањето на патиштата и областите под нивна контрола во територии безбедни за успешно тргување.

Но, тие вовеле и поддржале казнување соодветно со своето строго учење на шеријатот – како што е погубувањето на осуденици и измамници, и ампутација на лица кои се прогласени како виновни за кражба.

Мажите морале да пуштаат брада, а жените да носат бурка.

Талибанците исто така забраниле телевизија, музика, кино, а не одобрувале и девојчињата од 10 години или постари да одат во училиште.

Тие се обвинети за разни кршења на човековите права и уништување на културното знаење. Еден озлогласен пример бил од 2001 година, кога ги уништиле сите споменици на Буда од Бамијан во централен Авганистан и покрај бурните реакции од светот.

Пакистан постојано негирал дека тој стои зад ова движење, но нема сомнение дека многу Авганистанци кои првобитно му се придружиле биле обучувани во медреси во Пакистан.

Пакистан исто така беше една од трите земја, покрај Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати кои ги признале Талибанците додека биле на власт во Авганистан. Тоа беше и последната земја која ги прекинала дипломатските односи со групата.

Во еден момент, Талибанците се заканувале дека ќе го дестабилизираат Пакистан од областите кои ги контролирале на северозападот.

Еден од најпознатите напади на пакистанските талибанци се случи во октомври 2012 година, кога ученичката Малала Јусуфзаи беше застрелана во градот Мингори.

Две години после масакрот во училиштето во Пешавар, воената офанзива се намалила во голема мера во Пакистан.

Најмалку три клучни личности од пакистанските талибани се убиени во американскиот напад со дрон во 2013 година, меѓу кои и лидерот на групата Хакимулах Мешуд.

“Засолниште” за Ал Каеда
Талибанците од Авганистан му го привлекле вниманието на целиот свет после нападот на 11 септември 2001 година врз Светскиот трговски центар во Њујорк. Тие биле обвинети за овозможување на засолниште на главните осомничени – Осама Бин Ладен и неговото движење Ал Каеда.

На 7 октомври 2001 година, воената коалиција предводена од САД започна напади во Авганистан и до првата недела од декември успеа да го собори талибанскиот режим. Тогашниот лидер на групата, Мухамед Омар со Бин Ладен успеале да побегнат и покрај најголемата потрага на човек во светот. Многу поранешни талибански лидери наводно се сместиле во пакистанскиот град Квета.

И покрај сѐ поголемиот број на странски сили, Талибанците постепено се вратиле, а потоа и го прошириле влијанието во Авганистан, претворајќи огромно пространство од земјата во небезбедно подрачје, а насилството во земјата се вратило на ниво кое не било видено од 2001 година.

Талибанците извеле бројни напади врз Кабул, а во септември 2012 година групата спроведе и масовен напад на базата на НАТО, Камп Бастион.

Надежите за мир по пат на преговори пораснале после 2013 година кога Талибанците најавиле планови да отворат канцеларија во Катар. Но, недовербата од двете страни останала на високо ниво и насилството продолжило.

Во август 2015 година, Талибанците признале дека ја криеле смртта на Омар повеќе од две години, кој наводно починал поради здравствени проблеми во болница во Пакистан.

Одбројување до повлекувањето
Во годините после мировниот договор помеѓу Америка и талибанците од февруари 2020 година – кулминацијата на вториот период на директни преговори – изгледало дека талибанците ја менуваат тактиката: од сложени напади на градовите и воени положби до атентати со кои ги тероризираат авганистанските цивили.

Мети: новинари, судии, мировни активисти, жени на моќни позиции, како да сугерирале дека не ја промениле екстремистичката идеологија туку само стратегијата.

И покрај сериозната загриженост на авганистанските официјални лица поради ранливост на владата пред талибанците без меѓународна поддршка, новиот американски претседател Џо Бајден најави во април 2021 година дека сите американски сили ќе ги повлече од земјата до 11 септември, точно две децении од нападот.

Преживувајќи ја суперсилата за време на две децении војна, Талибанците почнале да окупираат огромни делови од територијата на Авганистан, а потоа уште еднаш ја соборија владата во Кабул по повлекувањето на странските сили.

Се смета дека во овој момент групата е побројна и помоќна од кога и да било, кога во 2001 година броела 85.000 редовни војници според проценките на НАТО.

Тешко е да се процени нивната контрола, иако се смета дека третина или петина од земјата е окупирана. Напредувањето се движи побрзо од што многумина стравувале.

Генералот Остин Милер, командантот на мисијата предводена на Америка во Авганистан во јуни предупреди дека земјата може да се најде на пат на хаотична граѓанска војна за која рекол дека целиот свет ќе биде загрижен.

Американската проценка била дека авганистанската влада би можела да падне во рок од шест месеци по повлекувањето на американската војска. Сепак, владата паднала за само еден месец.

Извор: Слободна Европа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...