18.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонија„Ова ли е фала?“ - докторите згрозени од протестите на антиваксерите

„Ова ли е фала?“ – докторите згрозени од протестите на антиваксерите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се извикува дека лекарите се убијци, кога токму лекарите една и пол година постојано работат со ковид-пациенти и се борат за секој живот, ризикувајќи го својот – реагира докторката Марија Михајлова за вчерашните протести. – Десетици колеги и починаа како последица на коронавирусот. Ова е „фала“? Извици со „убијци, убијци“? – пишува таа на Фејсбук.

<
Речиси никогаш, како тим, немаме реагирано на коментари и пишувања. Но, ова ги преминува сите граници. Ова не нѐ засега само нас, туку и сите наши колеги. Сите оние кои со изминативе две години спасуваат животи на тешко заболени од коронавирусот. Сите кои секојдневно ги жртвуваат своите животи, ги загрозуваат своите семејства и работат со пациенти заразени од коронавирус. Десетици колеги и починаа како последица на коронавирусот.
Ова е „фала“? Извици со „убијци, убијци“?
Ова е огромно разочарување, кое освен за медицинарите, е и за општеството. Секој има право на различно мислење, секој има право да си искаже како ги перципира состојбите, да се вакцинира или не.. Но не и на вакви карактеризирања. Никој не бил принуден на лекарски третман, туку секој сам се јавува на лекување. А за ние да лекуваме, сме го посветиле цел живот на образување кое трае и до денеска. Никој не бил натеран ниту на вакцинација, бидејќи секој сам си се изразува според негова воља.
Туку каде се лекуваат овие лица за кои докторите се „убијци“? Ги повикуваме сите здруженија и институции на осуда на ваквото омаловажување на професијата и медицинарите – пишува д-р Михајлова.
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...