2.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаСашка oд Кавадарци рачно изработува перики од природна коса па ги донира...

Сашка oд Кавадарци рачно изработува перики од природна коса па ги донира на оние на кои им се најпотребни..

spot_img

Инфинити Лајф КС – Кавадарци, е новоотворена прва компанија во Македонија за изработка на перики од природна коса, основана е со цел да им се испрати порака на сите лица кои што се заболени од канцер, дека не се сами.

-После долгогодишното занимавање со xуманитарна работа, секојдневно соочување со најлошата болест, карциномот, долгото истражување по интернет, контактирање со странство, дојдов до заклучок дека на Македонија ѝ е потребна ваква гранка – за изработка на перики – сè со цел да им помогнеме и им го олесниме животот на тие, на кои им е најпотребно – ни раскажа Сашка како дошла на идејата да отвори компанија за изработка на перики.

Станува збор за нешто, што досега го немало во Македонија – изработка на перики кои 95% се изработуваат рачно и се од природна, нефарбана и неоштетена коса

– Проектот го започнав пред точно 2 години, а во меѓувреме продолжив да истражувам на интернет, да се обучувам прво самата, за после по чиста случајност да дојдам до личноста која што ме дообучи и ми го предаде нејзиното знаење.
95% од периките се изработуваат рачно, а останатите 5% односно завршниот финиот дел – машински. Инфинити Лајф КС – е моја компанија која ја основнав врз основа на спонзорства сè со цел да почнам побрзо со работа, а со тоа и да допринесеме повеќе насмевки – потенцира Кузманова.

Еден човек месечно може да изработи две перики па Сашка веќе обучува луѓе на кои ќе им го пренесе занаетот

– Моменталнo освен што ги изработувам лично периките (а еден човек месечно може да изработи само две перики) и обучувам 5 луѓе коишто набрзо ќе бидат и моите први вработени, а повеќе раце значи поголема изработка и повеќе перики.

Досега имам направено 3 перики од кои две се веќе подарени а третата ќе биде наскоро подарена на Детска Клиника. Bо тек е и изработката на четвртата перика.

Косата ја добива преку донации

– Луѓето од Македонија, но и од надвор, веќе дознаваат за мојата компанија и секојдневно ме контактираат за донирање на коса. Јавно ја повикувам македонската јавност и пошироко, секој кој сака да донира коса слободно да ме исконтактира – апелира Сашка.

Првите две рачно изработени перики се веќе подарени, едната кај млада 27-годишна самоxрана мајка од Оxрид и другата на Детска Клиника во Скопје. Неделава ќе биде подарена и третатата перика на скопската Детска Клиника, каде Сашка ја започнала соработката со др.Аспазија Софијанова и истакнува дека ќе ја продолжи и во иднина

– Не секој може да носи перика од синтетичко влакно, а цените на периките од природно влакно во странство е многу голема, па затоа мојата цел беше секој да може да си дозволи перика од природно влакно. Затоа цените се направени за сечиј џеб. Огромно благодарам на сите кои ми дадоа огромна поддршка, која за мене е од големо значење.

Сашка се заблагодарува и на нејзините покровители и поддржувачи во оваа хумана работа:
– Проектот е поддржан од: градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев и советот на Општина Кавадарци, компанијата „Кожувчанка и Синалко“, Словачка амбасада и амбасадорот г-дин Хенрик Маркуш и неговата сопруга г-ѓа Жанет Маркушова, од кабинетот на Претседателот г-ин Стево Пендаровски, г-ѓа Елизабета Пендаровска, директорката на Детска клиника г-ѓа Аспазија Софијанова, Украинската амбасадорка г-ѓа Наталија Задорожњук, бугарскиот амбасадор и неговата сопруга Билјана Ангелова, претседателката на здружението „Борка“ Биба Додева, министерството за здравство, раководство на МПЦ ОА:
Здружение хуманитарни акции во Македонија, Здружение НИ – ЛУ Од срца за срца Словенија, Селекта ДООЕЛ Кавадарци, Хуманитарна група на граѓани „Од срце за срце“, Здружение за бубрежно болни граѓани – ренална подршка, Чејков – графичко и дизајнерско студио Кавадарци, Лимес Македонија. И сите онколошки пациенти и многу други кои што ја дадоа својата поддршка..

Boедно, таа ги повикува сите компании во Македонија слободно да се приклучат, да ја исконтактираат и да ја дадат својата донација – покровителство, затоа што нашето малку за некого значи многу – заклучува Кузманова за крај.

*Љ.Иванова Aгенција за иселеништво.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...

Пукање во Дебар – непознати напаѓачи пукале во полицајци кои се обиделе да ги запрат !!

Полицајци од граничната полиција вчеравечер во Дебар биле нападнати од двајца непознати напаѓачи, кои пукале во нив откако полицајците ги забележале како се движат...

Арачиновци длабоко под земја наместо компири, имале закопано оружје и бомби.

Куп експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови, дознава „Скопје1“. На локацијата се копаше повеќе...