16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаUncategorized @mkЛажни сертификати на „купи - продај“ огласник

Лажни сертификати на „купи – продај“ огласник

На големо се бараат лажни сертификати за присуство на свадби и семејни прослави. Откако Владата ги воведе новите рестриктивни мерки, настана „проблем“ за невакцинираните, кои по ниедна цена не сакаат да се вакцинираат ама затоа се спремни да платат сума на пари за лажен вакцинален сертификат.

Граѓаните бараат помош односно контакти од лица, за да им го изработат сертификатот, иако не се вакцинирани и немаат намера да се вакцинираат. Под објавите јавно се оставани телефонски броеви од наводните мајстори што ги изработуваат. Кога се јавивме на броевите, сите ни рекоа дека се работи за грешка, но не беа изненадени од повиците.

Како што објави Слободен печат и во инспекторатите ширум земјава, се јавувале лица, кои сакале да останат анонимни и кажувале дека се поканети на свадби, а кога рекле дека не можат да присуствуваат зашто не се вакцинирани, од организаторите добиле одговор дека со ручекот ќе добијат и сертификат. Потоа инспекторите ги препраќале ваквите лица, дојавата да ја достават до Министерството за внатрешни работи, од каде пак, не добиле ниедна пријава.

Ваква ситуација имаше и во Италија, каде италијанската полиција која пред три недели фати и стопираше серија онлајн измамници кои нудат лажни ковид сертификати за вакцинација. Италијанската полиција соопшти дека запрела 10 канали на апликацијата Телеграм кои воделе до анонимни профили на црниот интернет пазар односно мрежата ДаркВеб. Оттаму нарачателот можел да стапи во директен контакт со продавачите, а плаќањето се одвивало во криптовалути. За 150 евра можело да се добие и сертификат за вакцинација и шишенце од вакцина.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...