6.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаUncategorized @mkЗаев: Нашите граѓани треба да бидат горди што им помогнавме на Авганистанците...

Заев: Нашите граѓани треба да бидат горди што им помогнавме на Авганистанците да дојдат тука.

spot_img

Никој не побара од нас, сами се понудивме да преземеме и споделиме дел од одговорноста, човечноста и хуманоста по целосното заземање на Кабул од страна на талибанските сили. Се работи за луѓе кои биле поддржувачи на сојузничките армии, вклучително и на нашата армија во Авганистан. Се работи за миротворици, активисти за човекови, новинари, жени, студенти, интелектуалци, луѓе на кои треба да им помогнеме во услови кога се под страв да им бидат одземени животите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, отфрлајќи ги сите шпекулации за бран на бегалци или можни териристи или било какви застрашувања кон државата.

<

Нашите граѓани, нагласи Заев, треба да бидат горди за тоа што учествуваме во една ваква хумана мисија и што бевме една од првите држави кои се вклучија.

Прво, посочи Заев, се работи за отвореното прашање дали сме луѓе или не, потсетувајќи дека Скопје по земјотресот од 1963 година има примено помош од целиот свет и дека Авганистан е еден од првите донатори на Универзалната сала.

-Како што соопшти Владата. Донесовме одлука. Ќе ги прифатиме сите овие граѓани, кои доаѓаат со однапред пријавени листи со нивните податоци. Тоа се луѓе кои биле асистенти на ОН и членови на нивните семејства, на Националниот демократски институт, на Фондацијата Отворено општество, на Капата на националните организации на САД – НЕТ, посочи Заев одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на јужнокорејската инвестиција во ТИРЗ Скопје 2.

Во прашање се, нагласи Заев, принципи на човечност и на хуманост.

-Ќе ги пречекаме сите тие граѓани, кои веруваме дека од следните денови ќе дојдат во нашата земја. Ќе им понудиме сместување. Државата донесе одлука, да го плати транспоротот од аеродром до хотелите. Веќе се направени аранжманите и договорите со сите хотели. Ќе се овозможи бесплатна вакцинација на тие што немаат вакцинација, ќе се направат бесплатни ПЦР тестови и ќе им се понуди бесплатен здравствен преглед. Трошоците за нивното сместување ќе бидат покриени од соодветните институции и организации и САД, но и владата донесе одлука да преземе дел од тие трошоци, затоа што се работи за достоинство и капцитет на нашата држава, изјави Заев.
Инфомакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...