15.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаМерките се предложени од најстручните луѓе во државата, вели Заев

Мерките се предложени од најстручните луѓе во државата, вели Заев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мерките се носат тогаш кога стручните луѓе, здравствените комисии ги даваат како предлог. Мерките вчера на седница на Владата поминаа. Согласно мерките, како што беше јавно, јасно и прецизно објавено за учество во колективен настан, културен настан, симпозиум, семинар, угостителски објект или кој било објект или субјект каде има повеќе од 30 присутни мора да се има потврда за примена вакцина. Мерката е исто така потврдена и за другите објекти, субјекти и настани дека мора да се има потврда за примена вакцина со тоа што објектите над 30 луѓе капацитет мора да определат редари. Тие што имаат под 30 капацитет самите вработени тоа го организираат или одговорни за настанот или во самиот угостителски објект.

<

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека Владата вчера дополнително ги проширила мерките со потврда се прележана зараза во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето и дискутирала поради сугестии од новинарите и граѓаните евентуално да ги дополни со ПЦР тест.

Здравствената комисија препорачува да не се дополни заради тоа што ќе се создадат гужви на пунктовите каде се вадат ПЦР тестовите посебно во време кога завршува туристичката сезона, голем дел од домашните и странските туристи вадат тестови за да можат да патуваат. Дента кога бев во Охрид на Европскиот шампионат во пливање од 450 тестови, четири само беа позитивни. Најголем дел се вадени заради патувањето и затоа се прави одмерување на задолжението за вакцина која е како препорака и потребата за тестирање за да не се создаваат групирања и масовно пред пунктовите за вакцинација или за ПЦР тестови, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на изградбата на првата јужнокорејска инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2.

Од 1 септември за сите туристи домашни и странски, посочи премиерот, ќе важи обврската на влез и излез од државата, значи доволно време за да можат да се подготват да заминат и кога ќе се вратат од одмор.

Како одминуваат деновите, се некаде без малку две недели, доволна можност за сите да ја осознаат мерката и да ја применуваат за задолжителна потврда за примена вакцина, за ПЦР тест или задолжителна потврда за прележана зараза за сите што излегуваат и влегуваат. Тоа се предлози на најстручните луѓе во државата, Здравствената комисија, Владата дискутираше и буквално ги прифати сите како предлози, додаде Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава информираат од МВР.

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава На 24.04.2025 во 22.40 часот во...

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид – брзата интервенција спречи поголема несреќа

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид - брзата интервенција спречи поголема несреќа Денеска околу 14:00 часот, на улицата Македонски Просветители во Охрид избувна...

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон...

Ученици од бугарско село собраа 5.300 лева за настраданите во Кочани

Сума од 5.300 лева (околу 2.650 евра) собраа учениците од бугарското село Ивањане со велигденски хуманитарен базар за настраданите во трагедијата во Кочани, продавајќи...