30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветТалибанците прогласија крај на војната, на жените им ветија права

Талибанците прогласија крај на војната, на жените им ветија права

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Авганистанскиот народ може да ја преземе својата слобода и да ја исчисти земјата од окупаторот“. Ова е пораката на претставникот на талибанците Забихула Муџахид, кој со години важеше за сомнителна фигура, но ги дуплираше напорите- Талибанците да го убедат светот дека групата која брутално владееше со земјата во деведесетите, сега се променила. Но сликата од Кабул покажува дека Талибанците наоружани до заби со автомобили на авганистанската војска патролираат по улиците на градот, а бројните жители ги набљудуваат. Сосема малку или воопшто нема жени на улиците. Плакатите со жени се искинати, а фасадите на дуќаните се префарбани. Талибанците денеска на своето прво јавно појавување најавуваат дека жените ќе биде почитуван дел од заедницата.

<

АКО ДАДЕ ГОСПОД, ВО СОГЛАСНОСТ СО ШЕРИЈАТСКИОТ ЗАКОН, НИЕ ЌЕ ИМ ДОЗВОЛИМЕ НА ЖЕНИТЕ ДА РАБОТАТ, ЖЕНИТЕ СЕ ВАЖЕН ЕЛЕМЕНТ ВО НАШЕТО ОПШТЕСТВО И НИЕ ГИ ПОЧИТУВАМЕ. ВО СИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ СФЕРИ, ТАМУ КАДЕ ШТО МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ОПШТЕСТВОТО ЌЕ ИМААТ АКТИВНО ПРИСУСТВО- ЗАБИХУЛАХ МУЏАХИД, ПОРТПАРОЛ НА ТАЛИБАНЦИТЕ.

Муџахид потенцираше дека во блиска иднина ќе биде донесено политичкото решение кое ќе биде прифатливо за сите Авганистанци. На прес- конференцијата уверуваше дека никој од странстките претставници нема да биде повреден, а авганистанското тло никогаш нема да биде употребено против соседите или други држави.

Во истовреме авганистанскиот потпретседател Амрула Салех денеска се прогласи за вршител на должноста претседател на државата и повика на отпор против талибанците. Тој на Твитер напиша дека дека според Уставот се смета за в.д. претседател, имајќи предвид дека досегашниот претседател Ашраф Гани избега од земјата.

На аеродромот во Кабул преполните товарни авиони на САД ги евакуираат бегалците, иако талибанците ветуваат општа амнестија за сите.

ВЕЌЕ НАЈАВИВМЕ ОПШТА АМНЕСТИЈА ЗА СИТЕ АВГАНИСТАНЦИ, СИТЕ КОИ РАБОТЕА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА КАБУЛ, КОИ РАБОТЕА СО СТРАНЦИТЕ, ВО АМБАСАДИТЕ. ДЕНЕСКА НАЈАВУВАМЕ ДЕКА НИВНИОТ ИМОТ ЌЕ БИДЕ СПАСЕН, А НИВНАТА ЧЕСТ И ЖИВОТ СЕ БЕЗБЕДНИ-СУХАИЛ ШАХЕЕН, ПОРТПАРОЛ НА ТАЛИБАНЦИТЕ.

Во американската база во Кабул, талибанците денеска ја посетија и теретаната обидувајќи се да откријат која справа за што служи. Четири дена по освојувањето на градот Логар младите талибански борци уживаа во животот, па дури и се засладија со сладолед во слаткарниците.

Билјана Ставрова Телм

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...