22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаЛекарите од Тетово и Гостивар бараат овие два градa да се стават...

Лекарите од Тетово и Гостивар бараат овие два градa да се стават во карантин !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ситуацијата со бројот на нови заболени со ковид во ургентниот центар Гостивар денеска е сериозна. Нема слободни кревети во ниту едно одделение кое е претворено во ковид центар. Бројот на оние на кои им е потребен болнички третман се зголемува од минута во минута. Нема ниту доволно медицински персонал, ниту кислород. Лекарите од одделението за заразни болести бараат во градот да се воведе карантин.

<

„Во последниве 24 часа се случува вистински хаос. Интерното одделение и неврологија се полни, модуларната болница исто така. Имаме пациенти на кои им треба кислород, немаме кислород, немаме слободни места, така што ситуацијата е надвор од контрола. Имам барање до надлежните органи, зборувам од теренот, да се воведе карантин што е можно поскоро за да се спасат оние кои не се заразени.“

Исто е и во Тетово. Само вчера починале 9 пациенти, а бројот на хоспитализирани го достигнува врвот.

„Бројот на хоспитализирани денеска е 124 пациенти. Важно е да се знае дека од нив 13 пациенти примиле прва доза од вакцината, додека само тројца пациенти имаме со примени две дози. Над 90% од пациентите се невакцинирани. Имаме голем број смртни случаи, односно 9 пациенти со коморбидни заболувања. Во однос на приемот, имавме 18 примени синоќа, така што го достигнавме максимумот.“

Над 200 луѓе во Тетово и над 100 во Гостивар секојдневно се тестираат. Над 90% од нив излегуваат позитивни и се потенцијални идни пациенти.

„Над 90 проценти се позитивни, но овие бројки не се земаат предвид, туку виталните параметри како што се ниската сатурација и други параметри на оние кои се потешко болни.“

Од друга страна, на пунктовите за вакцинација и покрај тоа што беа отворени уште две локации во Гостивар, две во гостиварските села и исто толку во Тетово, гужвата и чекањата немаат крај. Имало и тепачки.

Чекам од седум наутро. Даваат броеви, јас сум број 176. Имаше и тепачка за бројче. Еден постар човек беше удрен од еден помлад.

Што да правиме, мора некој да го држи редот, никој не одржува ред. Полицијата е внатре.

Отворени се три нови пунктови, но интересот останува голем.

„Пунктови се отворени на многу места, има вакцини на теренот, па кој може, добро е да ги примат во нивните села во пунктовите за вакцинација што ги имаме во Чегране, Врапчиште и во други села. Порано го имавме само овој пункт, но видовме дека интересот се зголеми и отворивме втор кој е на другата страна.“

Во следните две недели, бројот на инфекции со коронавирус се очекува да се зголеми уште повеќе, велат лекарите, врз основа на бројот на амбулантски прегледи и тестови на кои стотици луѓе се позитивни.

Bashkim Sulejmani АЛСАТ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...