30.9 C
Ohrid
вторник, јули 16, 2024
ПочетнаМакедонијаОд вторник до петок во дворот на кичевската црква св.Петар и Павле...

Од вторник до петок во дворот на кичевската црква св.Петар и Павле се организира хуманитарна акција за дечиња со најтажна судбинa

Драги хумани кичевчани, застануваме пред вас подавајќи рака и поддршка на група граѓани кои неуморно организираат најразлични видови хуманитарни акции за лица на кои тоа им е најпотребно. За неколку дена започнува нова акција која ќе биде поделена во три денови, 24, 25 и 26 август во дворот на црквата „св. Петар и Павле“ почнувајќи од 06:00 наутро до 18:00 часот. Овој пат треба да се помогне на две малолетни дечиња кои ја имаат најтажната судбина, останаа без својата самохрана мајка која неодамна загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Мак.Брод – Суводол и моментално живеат во мизерни услови со своите баба и дедо во с.Брест (бродско).

Сите добронамерници, сите хумани, сите кои можат на било каков начин да помогнат, да дојдат и тоа да го направат, потребни се (храна, средства за лична хигиена, училишен прибор, облека за машко до 8 год и девојче до 5 години). Сите оние кои имат креветчиња и облека задолжително да се најават кај Бибе на 076/824-325 за организација на поголем вид на транспорт.

Кога ќе се заврши акцијата, сите намирници и донации ќе бидат предадени на 27 август (петок), така што доколку има и доброволци да ни пружат помош со поголемо транспортно возило ќе ви бидеме многу благодарни.

Апелираме да се вклучат што повеќе граѓани во оваа хуманитарна акција, бидејќи судбината не бира поединци, ајде да помогнеме и на овие две мали дечиња барем малце да им направиме да им е полесен ионака тешкиот живот без родители.

Порта.мк дава силна поддршка на овој настан и секако ќе бидеме и ние дел од оваа добронамерна акција, бидете и вие!

Извор: Порта

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместен случај: Од „претепано“ бебе, до казни и стресови за медицинската сестра, на крај работата ќе заврши со „недоразбирање“

Веќе неколку денови во јавноста се врти приказната за „претепаното“ тримесечно бебе на скопската Клиника за детски болести од страна на медицинска сестра, но...

Камерите во Скопје уклучени- Први казни заработија полициски службеници !

МВР денеска објави снимки и информација дека тројца полицајци се гонат затоа што на возач наместо да му пишат казна за сообраќаен прекршок му...

Започна обединувањето на Македонците во Албанија.

Започна обединувањето на Македонците во Албанија. Прогласо на "Друштвото Преспа " го потпишат македонското друштво "Илинден" Некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, во името на Друштво...

Кај браната Градче пронајдена е мртва 26 годишна кочанчанка

Вчера во 20:13 часот во полициската станица Кочани, од Јавното претпријатие Водостопанство било пријавено дека на подножјето на браната Градче било пронајдено тело на...