19.9 C
Ohrid
петок, јули 19, 2024
ПочетнаМакедонијаИ ковид-пасошоте имаат рок на важење - дали и на македонскиот сертификат...

И ковид-пасошоте имаат рок на важење – дали и на македонскиот сертификат ќе му биде ограничен рокот?!

Како што информираа од Министерството за здравство, македонскиот сертификат за вакцинираните граѓани за сега не е со ограничен рок на важење. Сепак, повеќе европски земји, почнаа да ја ограничуваат важноста на ковид пасошот.

Во Хрватска, ковид пасошот има важност 9 месеци, во Данска 8, во Словачка 12 а во Австрија, исто како хрватска – важи 9 месеци. Единствен услов да се продолжи важноста е да се прими трета доза од вакцината, што почна да се применува во неколку европски држави

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека е можно да се воведува трета доза, и тоа конкретно за пациентите кај кои е извршена трансплантација
и за бубрежно болните. Сепак, од ресорното министерство информираат дека Националниот комитет за вакцинација, откако ќе донесе одлука за аплицирање трета доза, МЗ ќе ја информира јавноста. А останува отворено прашањето, кои граѓани ќе треба да бидат вакцинирани со трета доза и дали постои можност за дискриминација, доколку се ограничи рокот на важност на сертификатот, па единствен услов да биде само примање трета доза, иако одредено лице нема потреба од истото.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Силно невреме го зафати Скопје: Кровна конструкција се заплетка на кабли од далновод.

Поради силното невреме кое го зафати Скопје, дел од кровна конструкција заврши на далновод. Кровната конструкција која ветрот ја оддува се заплетка во каблите од...

Украден калашников од полициската станица во Скопје

Во полициската станица во Карпош украдено е автоматско оружје „калашников“ брифираат извори на Порталикс. Информацијата ја потврди и МВР кои велат дека од 19 јуни...

При контрола на ноќен клуб во Тетово пронајдени 32 жени од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан

Полициски службеници од СВР Тетово при контрола на ноќен клуб во тетовско Горно Седларце на 17/18.07 во периодот од 23:30 до 5 часот изутрината...

Бајден е позитивен на ковид-19, ќе паузира од кампањата

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на ковид-19, потврди Белата куќа. Веста е објавена откако Бајден не се појавил на настан поврзан со претседателската...