14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаНевакцинирани гости во Охрид се обиделе да влезат во кафуле преку вода,...

Невакцинирани гости во Охрид се обиделе да влезат во кафуле преку вода, персоналот го блокираше влезот со ланец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На една од најпопуларните охридски плажи која има кафе-бар, има и скали преку кои гостите на барот се симнуваат да се искапат во езерото. Скалите водат директно во кафе-барот, но во езеро може да се влезе и од плажата која е до него пишува  Женски Магазин.

<

Токму преку скалите кои водат до кафулето, низ вода, гости кои немаат сертификат за примена вакцина се обиделе да влезат во угостителскиот објект. Затоа вчера, на скалите беше поставен ланец, а пред нив маса, за да им биде оневозможен пристапот на кои кои преку вода сакаат да влезат да се напијат кафе.

-Моравме да го ставиме ланецот, гости без сертификат се обидуваат да влезат преку вода. Ја ставивме и масата за да го блокираме пристапот од оваа страна“, коментираше персоналот на угостителскиот објект.

На влезот во кафе-барот има јаже и келнерите прво проверуваат дали гостите имаат сертификат па ги пуштаат да седнат на терасата. Барот е речиси празен откако се воведоа новите владини мерки, но не и плажата. Многу од гостите на плажата земаат пијалоци од влезот на објектот и се освежуваат на лежалките.

Женски Магазин (М.Џ.)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...