13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЈа доби поддршката од ЛЕВИЦА: Перо Камиказа кандидат за градоначалник на град...

Ја доби поддршката од ЛЕВИЦА: Перо Камиказа кандидат за градоначалник на град Скопје.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Петар Георгиевски Камиказа, кај граѓаните познат по неговата музичка кариера како дел од Меморија, на социјалните мрежи ја објави својата кандидатура за градоначалник на Град Скопје, со, како што изјави, поддршка на Левица.

<

„Помина извесно време и еве со вас ги споделувам согледувањата од неколкуте анкети кои го кажуваат следното:
Скоро во сите општини со мнозинско македонско население разликата помеѓу мене и Петре Шилегов е речиси дупла во моја корист, но во немакедонското население скоро во целост односно 93% оди во корист на Петре Шилегов. Ова не е воопшто изненадувачки и шокантно знаејќи ја моменталната поставеност на терен, но за мене нај шокантно и во најмала рака збунувачки е што во анкетите што се направени, оние деца кои се родени во независна Македонија, кои од прилика имаат од 18 до 30 години мене ме познаваат само 13% а Шилегов 65% ?!?! Токму овој факт беше причината за која се колебав овие денови да ја финализирам мојата кандидатура за градоначалник. Обично не се откажувам така лесно, и направив едно мало истражување, да видам каде можам да најдам начин, да ме запознаат поголем дел од триесет годишњаците кои го познаваат Петре Шилегов повеќе од мене ?! Испадна дека единствена политичка партија чие гласачко тело ги има токму овие гласачи, е ЛЕВИЦА. Со нивна поддршка како независен кандидат, шансите драматично се зголемуваат да се анулира разликата или со други зборови, победата е речиси блиску. Ако кампањата која ја водам го погоди неопределеното гласачко тело победата е на праг, се разбира заедно со сите вас. Доколку вашата поддршка остане за мене како НЕЗАВИСЕН кандидат поддржан од ЛЕВИЦА со радост ќе го прифатам овој предизвик во кој ќе си ги жртвувам сопствениот мир и спокој. Ете тоа е она што сакав да ви го соопштам пред два дена. За жал друго решеније нема, ова е единствено. Значи да повторам НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ за градоначалник на Град Скопје, со поддршка на ЛЕВИЦА. Немам ништо што да кријам од вас, еве го споделив можеби единствениот начин да го симнеме овој КРАДОНАЧАЛНИК. П.С. Вашите мислења и понатаму ми остануваат драгоцени, имаме 48 часа за заедничка одлука.
Искрено ваш, Петар Георгиевски Камиказа“, пишува тој на фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...