20.3 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонија54 реинфекции со коронавирус за една недела

54 реинфекции со коронавирус за една недела

Се зголемуваат случаите на реинфекција со корона вирусот. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 22 август детектирани се 351 случај на реинфекција. За една недела 54 лица, кои веќе еднаш биле позитивни на ковид-19, повторно се заразиле со вирусот.

Во периодот од 6 до 26 август се регистрирани нови 17 020 случаи на ковид, од нив вкупно 2 924 биле целосно вакцинирани, односно 17 отсто, а 14 096 или 83 отсто биле невакцинирани, соопшти Министерството за здравство.

Според анализата, процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 89 отсто, додека само 11 отсто од сите хоспитализирани пациенти во моментот се целосно вакцинирани.

За вакцинирани се сметаат лицата што се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Според податоците на Министерството, во истиот период со ковид починале 276 лица, од нив 246 биле невакцинирани, а останатите 30 имале примено вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе хронични заболувања.

„Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини ‘Модерна’ и ‘Џонсон и Џонсон’, кои некои од пациентите ги примиле во странство“, велат од Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје ја анализирал и епидемиолошката состојба во земјава во периодот од 15 до 22 август, при што е детектирано дека за периодот од една недела 54 лица, кои веќе еднаш биле позитивни на ковид-19, повторно се заразиле со вирусот.

„Ако се анализира состојбата од почетокот на пандемијата, заклучно со 22 август 2021 година, во земјава вкупно се детектирани 351 случај на повторно заразување со вирусот“, информираат оттаму.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вакцинираат бидејќи, како што велат, само така ќе се постигне колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на Ковид 19.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...