32.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија се празни: Секоја нeдeла во Тетово по 50 aвтoбycи co млaди...

Македонија се празни: Секоја нeдeла во Тетово по 50 aвтoбycи co млaди зaминyвaaт зa Гepмaнија (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сабота, 8 часот наутро. Ова се снимките од автобуската станица во Тетово. Само денеска кон Германија тргнаа околу 50 автобуси, а ситуацијата е иста секоја недела. Од 30 до 50 автобуси тргнуваат само кон Германија, а да не ги броиме тие кон Швајцарија, Италија, Австрија и скандинавските земји, објави ТВ21.

<

Солзи меѓу роднините и оние што си заминуваат, кој со семејството а кој сам, родители кои ги испраќаат своите деца и обратно. Но зошто си заминуваат од Македонија: Тие низ солзи не сакаа да зборуваат пред камера, иритирани се, а подобар живот гледаат надвор од земјава. Нивната порака до водачите на државата е секогаш иста “Проклетство“. Прашавме неколку граѓани од Тетово кои велат дека немањето работа и не функционирањето на системот се меѓу причините што младите си одат од државата.

„50 автобуси кои заминаа од Тетово за Германија, ова боли, ова е нешто што нè растажува, овие што нè водат да отворат очи и да се позанимаваат со ова прашање и во иднина ќе биде трагично и да отворат работни места и сите овие млади да се сместат во земјата каде што се“.

„Бидејќи не работат овде, си одат, кој да го направи тоа, нашите политичари, велат овде одете за тие да бидат слободни и да прават што сакаат“.

„Власта не ви дава работа, треба да се направи повеќе за ова за да не одат, да не бегаат“.
Не отворањето работни места, партизацијата и непотизмот во администрацијата, се некои од критиките кои се нотираат и во разните извештаи од ЕУ и Стејт Департмент. Само во последниве години од Македонија се смета дека се иселиле 200 илјади млади луѓе кои работат во Германија и другите европски држави.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...