9.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаРечиси 75 проценти од децата од Ромската популација во Битола не се...

Речиси 75 проценти од децата од Ромската популација во Битола не се запишаа во прво одделение

spot_img

На неколку дена пред почетокот на учебната година само 44 деца од ромската популација се запишаа во прво одделение од вкупно 170 колку што се евидентирани и реонски припаѓаат во училиштето „Ѓорѓи Сугарев“ во битолската населба Баир. Поради овие загрижувачки бројки, според кои 25 проценти од ромските деца се опфатени со образовниот процес, раковдството на училиштето покрена кампања која се реалзиира со поддршка на невладиниот сектор, а со која ќе ги убедуваат семејствата да ги запишат децата на училиште, пренесува ТВ Телма…

<

НАШИТЕ ПЛАНОВИ СЕ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ, ЗАЕДНИЧКИ, НА ТЕРЕН, ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКАТА СЛУЖБА, РОМСКИТЕ ОБРАЗОВНИ МЕДИЈАТОРИ, НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗАЕДНИЧКИ ДА НАПРАВИМЕ НАПОРТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ, РЕЧЕ РОБЕРТ ФИЛИПОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ОУ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“- БИТОЛА.

Од невладиниот сектор и ромските здруженија велат дека причините за ваквата состојба се комплексни и дека тоа е резултат на социо-економските состојби, старите навики и неинформираноста, но и недовербата дека со образованието можат да го подобрат животот.

ИМАМЕ И НЕИЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ЖАЛ, НА ТОА МОРА ДА СЕ РАБОТИ, НЕ ВЕРУВААТ ВО МОЖНОСТИТЕ ШТО ЌЕ ИМ ГИ ДОНЕСЕ ОДЕЊЕТО ВО УЧИЛИШТЕ, ДАЛИ ПОДОБАР ЖИВОТ ИЛИ ДРУГИ МОЖНОСТИ. НИЕ ИМАМЕ МАЛКУ ПОЗИТИВНИ АСПКЕТИ, ПОЗИТИВНИ ЛУЃЕ, КОИ ЌЕ ПРЕТСТАВУВААТ МОТИВ ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРОДОЛЖАТ НА УЧИЛИШТЕ И ДА БИДАТ УСПЕШЕН ПРИМЕР ВО ОПШТЕСТВОТО, ВЕЛИ ФАТМА БАЈРАМ АЗЕМОВСКА, НВО СУМНАЛ БИТОЛА.

Образовните медијатори кои се вклучени во кампањата велат ќе се обидат на децата од Ромската популација да им објаснат што значи образованието.

ПРЕТСТАВУВАМЕ ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР, ДЕЦАТА СЕ РАДУВААТ, НО ТОА Е САМО КРАТОК ПЕРИОД КОГА ЌЕ БИДЕШ ТАМУ И ПОТОА СЕТО ТОА ИСЧЕЗНУВА. ЗАТОА СЕ ТРУДИМЕ ДА БИДЕМЕ ВО ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ ВИСОКООБРАЗОВАНИ И ДА ПРЕТСТАВУВАМЕ МНОГУ ГОЛЕМ МОТИВ ЗА ЗАЕДНИЦАТА, ВЕЛИ ФЕЛИС АЛИУ, ОБРАЗОВЕН МЕДИЈАТОР.

Дека овој проблем се провлекува со години говорат и податоците од минатогодишното истражување во населбата Баир на невладиниот сектор, според кое од вкупниот број на деца само 55 посто посетуваат основно и 24 посто средно образование. Сега од училиштето „Ѓорѓи Сугарев“ очекуваат дека број на првооделенци двојно ќе се зголеми со кампањата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...