22.9 C
Ohrid
петок, јуни 14, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Ваков туристички центар како овој во Вевчани и европските општини и...

Заев: Ваков туристички центар како овој во Вевчани и европските општини и средини би посакале..

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестициите Фатмир Битиќи и градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски денеска извршија увид во комплетно опремениот Туристички центар во реновираното поранешно училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани.
Туристичкиот центар „Вевчани“ е модерен мултифункционален објект чија корисна површина е 1.400 метри квадратни. Опремени се голема конгресна сала, неколку сали за семинари, музејска просторија за презентирање на флората и фауната од заштитеното подрачје Споменик на природа „Вевчански извори“ и планината Јабланица. Има инфо центар, продавница за сувенири, отворена галерија за промоција на богатото културно наследство на Вевчани, со опрема за функционално уредување на мултимедијален туристички центар и за дизајнирање и печатење на промотивни материјали, како и простории со други придружни содржини како што се фитнес и бодибилдинг сала.

Заев посoчи дека Туристичкиот центар „Вевчани“ е Центар каков што би посакале и најмодерните европски општински средини. Пред да се реконструира овој објект, беше зграда на старото основно училиште „Страшо Пинџур“ – Вевчани. Самиот објект преставуваше импозантна градба изградено од 1948 до 1951 година од страна на вевчанските неимари и токму наследниците на тие градители учествуваа во неговата ревитализација и нова функционалност.
-Во 2016 година кога во предизборната кампања го посетив Вевчани, руинираниот објект на некогашното училиште, ветив дека тука ќе никне нов модерен, мултифункционален Туристички центар „Вевчани“. И еве, денес стоиме пред комплетно реконструираната зграда со модерно партерно уредување, рече Заев.

Според него, место да биде оставен на забот на времето, со тотално руиниран и оштетен покрив, денеска во центарот на Вевчани има модерен објект кој, како што рече, ги задржа архитектонските обележја за да биде споменик на неговите градители, но доби нова функција соодветно на новите потреби на заедницата и на регионот.

-Со овој објект се овозможува промоција и развој на туризмот, не само на Вевчани, туку и на целиот овој регион кој пошироко со Дебар и Дебарца, со Струга, Охрид, регионот Преспа, па дури и Пелистер и Битола, претставува еден од нашите најсилни и најатрактивни туристички потенцијали, потенцира Заев.
Вицепремиерот Битиќи истакна дека Туристичкиот центар „Вевчани“ е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, кој се спроведува во заедничка соработка меѓу Владата, Делегацијата на Европска Унија и канцеларијата на Светска Банка, преку кој се спроведуваат 57 потпроекти во 10 туристички дестинации.

Почетна АКТУЕЛНО
АКТУЕЛНО
Заев: Вевчани и регионот добија туристички центар според стандардите на најмодерните европски општински средини
29 август, 20219

Facebook

-Проектот за локална и регионална конкурентност се реализира во вкупна вредност од околу 21 милион евра и Програмата ТАВ, со која се реализираат 94 инфраструктурни проекти во речиси сите општини, во вредност од речиси 50 милиони евра, се одличен показател дека оваа Влада, како ниедна претходно, е насочена кон рамномерниот регионален развој и обезбедување подобри услови за живот на граѓаните и поквалитетни услови за локален економски развој на стопанството низ целата држава. Туристичкиот центар во Вевчани ќе ја зголеми атрактивноста на оваа дестинација и ќе збогати искуството со кое ќе се здобијат туристите при посета на Општина Вевчани, потенцираше Битиќи.

Градоначалникот на Вевчани Јанкоски рече дека со реализацијата на овој проект конечно е остварен сонот на вевчанци за реконструкција на старата училишна зграда. Со Туристичкиот центар, како што нагласи, се отвораат можности за развој на локалните капацитети и подобрување на атрактивноста на општината, на Струга и Охрид и поширокиот регион.
Граѓански Збор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лена е најмладиот мајстор за бурек, почнала да меси на петгодишна возраст

Во Обреновац се наоѓа пекарата Тијана во која работи малата Лена. Кариерата ја започнала кога имала само пет години, кога ги направила првите колачи. Девојчето...

После повеќегодишното барање на сите фудбалски школи и фудбалски клубови, градоначалникот Пецаков успеа да го реализира проектот за осветлување на помошното фудбалско игралиште со...

После повеќегодишното барање на сите фудбалски школи и фудбалски клубови успеавме да го реализираме проектот за осветлување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева....

Детали од МВР за убиството во Кратово-36 годишната В.И со нож го заклала сопругот и свекорот !

Полициски службеници од ОВР Кратово вчеравечер околу 22:08 часот, ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово. -Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово...

Холандскиот турист бил каснат од отровната змија додека ја разгледувал Самоиловата тврдина во Охрид.

Холандскиот турист кој за малку ќе го загубеше животот поради тоа што немало серум во болницата во Охрид, бил каснат од отровната змија додека...