22.8 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаРокот за пријавување за студентски оброк е уште два дена

Рокот за пријавување за студентски оброк е уште два дена

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Редовните студенти во државава можат да се пријават на конкурсот, за студентски оброк. Оваа мерка важи и за државните и за приватните универзитети.  Конкурсот трае до 31 август.

<

Од Министерството за образование испратија повик до студентите да ја искористат оваа поволност уште денес или утре, со цел да им биде обезбедена уплата од 2.400 денари за септември уште овој месец.

Сепак, за студентите кои ќе го пропуштат овој рок, има опција тие да се пријават и во следниот рок кој трае од 1 до 30 септември, со што ќе може да искористат изност за студентски оброк во октомври.

Пријавувањето се спроведува електронски преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk.

Се работи за едноставен процес, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка, соопштија од МОН.

Досега за студентски оброк се пријавиле над 15.000 студенти, а министерството очекува бројката да достигне до 40.000. Ваквиот студентски оброк треба да се исплаќа 9 месеци, секоја година.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...