13.8 C
Ohrid
сабота, мај 31, 2025
ПочетнаМакедонијаЗеќири: Ние муслиманите немаме кумови, но со Заев разбрав што значи кумството..

Зеќири: Ние муслиманите немаме кумови, но со Заев разбрав што значи кумството..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мухамед Зеќири, генералниот скеретар на Владата, претпладнево како гостин во шоуто „Магазин“ на ТВ Сител рече дека по свадбата и склучениот брак со неговата сопруга Бисера Јордановска многу парови од мешан етнички состав им се јавиле да им честитаат, но и да се консултираат со нив.

<

Функционерот на СДСМ вели дека повеќето од нив им се јавиле иако воопшто не се познавале претходно.

– Откако беше објавена веста за нашата свадба, ни се имаа обратено многу парови кои што се од различни етнички заедници и да ни честитаат, со кои што претходно не сме имале ниту познанство ниту контакт, но бараа да се напијат кафе со нас, да им раскажеме како сме успеале да ги пребродиме сите пречки и секогаш нашиот совет до нив беше дека треба да си го следат срцето и да не им е грижа кој што мисли за нив, рече Зеќири.

Поранешниот новинар и еден од највлијателните профили во владеачката партија рече дека премиерот Зоран Заев му помогнал да го разбере значењето на кумството, затоа што како припадник на исламската заедница претходно не знаел колку е тоа важно.

– Ние се дружиме и приватно со премиерот Заев и кога соопштивме дека планираме свадба, разговаравме со него со Бисера заедно, тој апсолутно со големо срце ја прифати понудата. Беше кум на верската и на граѓанската венчавка, Јас дури потоа разбрав кое е значењето кај христијаните да биде некој кум, затоа што тоа не е практика кај муслиманите. На венчавката кај муслиманите секако има сведоци, по двајца од кај зетот и невестата и тука завршува приказната. Во христијанството е поинаку и јас со задоволство прифатив и за тоа во оваа прилика нему сум му благодарен, додаде Зеќири.

Извор: Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...