13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаСветВо Грција потврдени шест случаи на варијантата „Му“, доминира Делта сојот

Во Грција потврдени шест случаи на варијантата „Му“, доминира Делта сојот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Грција се потврдени шест случаи на варијантата „Му“ (B.1.621) на коронавирусот, за која Светската здравствена организација завчера соопшти дека го следи конкретниот нов сој, јави дописничката на МИА од Атина.

<

Од шесте случаи на варијантата „Му“, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, четири се увезени, а поконкретно два се откриени во областа Арголида и на атинскиот аеродром и по еден во центарот на Атина и областа Ахаија.

Мутацијата Му првпат беше откриена во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и Европа, додека, пак, СЗО завчера прецизираше дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирусот.

Од новите потврдени мутации во Грција, доминантна е Делта со 899 нови случаи, односно 96,7 отсто од идентификуваните варијанти во земјата во измината седмица.

Во однос на новите случаи на Ковид-19, Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 2.840 новозаразени, починаа 33 лица, а 362 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...