3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов гради луксузна зграда, обвинува опозицијата

Шилегов гради луксузна зграда, обвинува опозицијата

spot_img

„Петре Шилегов градоначалник на Скопје во заминување, на местото на својата семејна куќа во Карпош гради луксузна зграда, ама дивоградба“, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Посочи дека на семејната зграда во Карпош, Шилегов на диво и додава цели два ката.

-Гради дивоградба за која што нема ниеден основ за дозвола за градба. Шилегов, градоначалник на Скопје во заминување, наместо ред во урбаниот хаос, самиот гради дивоградба за своја зграда. Ова е извадок од важечки ДУП за парцелата каде што Шилегов гради дивоградба. Тука стои висина, највисоката кота, од 8.8 метри, и ништо повеќе не е легално. Тоа е во висина на соседните куќи. Според ДУП-от наведено е приземје еден кат и поткровје, односно П+1+Пк. За поткровје се смета страничен ѕид не повисок од 1.2 метри, исто како кај соседните куќи. Се’ над тоа се смета за кат, и се над тоа според овој ДУП е дивоградба, објави Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не постои друг валиден документ со други параметри кои дозволува дополнителна градба освен доградба и реконструкција на постојната градба, или евентуално нејзино рушење и добивање на одобрение за градење со катност П+1+Пк.

-Надлежна институција за издавање на дозвола за градба, доградба, реконструкција е општина Карпош, секторот за урбанизам односно Градоначалникот на општина Карпош во заминување, Стефан Богоев. Согласно општина Карпош, за наведената локација постои валиден детален урбанистички план со наслов “Детален урбанистички план за населба Тафталиџе 1-Тафталиџе 1 Север 1” Одлука бр.07-3743/1 од 08.06.2021 година. Ама, Шилегов врз овој кат изградил уште еден. Тоа не е кровна конструкција. Значи врз вториот кат изградил уште еден што не е кровна конструкција. Ова е кат, покриена тераса со што излегува над дозволеното за цели два ката. Ниеден урбанист ниту градоначалник не би смеел да издаде ваква дозвола за градба. Уште повеќе не Градоначалникот на Карпош Богоев за Градоначалникот на Скопје Шилегов. Уште повеќе што земјиштето, дворот, местото на куќата, е се уште државна земја со право на користење. Не ја ни откупил, а тоа го покажува неговиот имотен лист кој вели право на користење на изградено градежно земјиште врз кое што постои зграда, не го поседува. А без тоа, невозможно е да се земе градежна дозвола за вакво доградување. Шилегов тоа го знае и затоа молчеше до сега за овој огромен криминоген скандал. Наместо ред, Шилегов е дел од урбаниот хаос, насилство и бесправна бетонизација! Затоа Шилегов ги толерираше четири години дивоградбите, затоа цела Македонија го следеше скандалот кај Мавровка, затоа платформите кај Матка уште стојат, и што ли уште не. Наместо борба со градежната мафија, тој гради дивоградба, вели тој.

Стоилковски вели дка ова е скандалозно, ова е криминогено, ова е лицето на Шилегов, ова е кичот на СДСМ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...