16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаВо чест на новороденчето Ислам, направени точно 200 мекици кои беа поделени...

Во чест на новороденчето Ислам, направени точно 200 мекици кои беа поделени меѓу Авганистанците во хотелот Белви-Скопје.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ислам е името на бебето, на млада Авганистанка, која се породи на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, многу бргу по нејзиното пристигнување во Северна Македонија. Машко е, ѝ е тешко 3 килограми и 200 грама. Таа е дел од првата група 149 жители на Авганистан, кој организирани дојдоа во земјата. Во чест на новороденчето, Црвениот крст, организираше дочек, со цел на овие луѓе да им се покажат и македонските обичаите кога на свет доаѓа ново бебе.

<

 

Беа направени 200 мекици и поделени за време на пладневниот ручек, помеѓу Авганистанците, кои се сместени во хотелот Белви во Скопје. И мајката и бебето се добри и веќе се заедно во хотелска соба, пишува Мики Трајковски за Глас на Америка.

„На овој начин сакавме на традиционален начин, да му посакаме добредојде на бебето“, изјави за Глас на Америка, Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје.

Во Скопје во моментот се наоѓаат 74 жени, 76 мажи и 56 деца под 18 години. Тие според најавите во Северна Македонија, ќе останат 90 дена.

Автор: Мики Трајковски, Охрид

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...