15.6 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаМЗ: Во градовите со најмалку вакцинирани, има најмногу заразени

МЗ: Во градовите со најмалку вакцинирани, има најмногу заразени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во јули и август во градот Тетово, кој четвртиот бран го дочека со само 19 отсто вакцинирани граѓани, регистрирани се 106 смртни случаи. Од друга страна, Кавадарци, Гевгелија, Берово и Ресен, каде што има висок процент на вакцинирани, во четвртиот бран забележале по еден смртен случај
Во четвртиот ковид-бран, или во периодот од јули до крајот на август, смртноста од ковид е драстично поголема во градовите каде што има низок процент на вакцинирани, покажуваат статистиките што Министерството за здравство ги објави утрово.

<

Тетово, кој беше најпогоден град во земјава во изминатите два месеци, предничи по бројот на мртви во четвртиот бран. До крајот на август таму се забележани 106 починати од ковид-19.

„Тетово го пречека бранот само со 19 отсто вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37 проценти“, велат од Министерството за здравство.

Слично е и во Гостивар. Таму во истиот период починати се 73 лица, додека од друга страна и овој град е меѓу оние што имаат најнизок процент на вакцинирани граѓани – 30 отсто до крајот на август.

На другата страна на табелата, каде што има висок процент вакцинирани, смртноста е драстично помала. Во Кавадарци (61 отсто вакцинирани), Гевгелија (59,2 проценти вакцинирани), Ресен (58 отсто вакцинирани) и Берово (54,7 проценти вакцинирани) има по еден смртен случај во четвртиот бран.

Меѓу градовите со најмногу вакцинирани и најмалку смртни случаи се и Охрид, каде што се вакцинирани 59,3 отсто и имало осум смртни случаи, како и Битола со 54,5 проценти вакцинирани и седум смртни случаи.

„Време е да ги отфрлиме сите заблуди во врска со вакцините и да се придвижиме кон фактите и кон реалните докази кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни. Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме да живееме повторно слободно, без ограничувања и без рестрикции“, велат од Министерството за здравство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите,...

Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не

Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е...