16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Никогаш не сме кажале дека вакцината целосно штити

Филипче: Никогаш не сме кажале дека вакцината целосно штити

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Филипче: Никогаш не сме кажале дека вакцината целосно штити….

<

Министерот за здравство Венко Филипче, ја коментираше последните информации околу коронавирусот.

Тој кажа дека во последно време не се полнат болниците со онаа динамика претходно.

„Во последно време не се полнат болниците како што беше и тоа е добро. Интерните одделенија се подготвени, иако веќе има пациенти.“, кажа Филипче.

Тој рече дека трендот на вакциниранње во нашата земја се одвива со добра динамика.

„Во државата со вчерашниот ден се вакцинирани со прва доза околу 740 илјади граѓани. Секојдневно имаме над 13-14 илјади аплицирани вакцини. Ако со овој тренд продолжи ќе биде добро. Над 43 години се вакцинирани вкупно 54% од населението, вкупно е нешто помалку, што значи дека интересот е помал кај младите“, изјави Филипче кој додаде дека најголемиот број од пациентите во болниците се невакцинирани.

„Точно знаеме како се лекуваат сите пациенти и сите се лекуваат по протоколи, и со модерни лекови. Најголем број од пациентите во болниците се невакцинирани, и тоа е проблемот. Околу 9% од смртните случаи се вакцинирани, но тоа се пациенти кои се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети.“, изјави министерот.

Филипче кажа дека ниту тој, ниту некој друг во Светот не кажал дека вакцината целосно штити, туку дека штити од сериозна тешка форма на болеста.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...