23.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Ногачески: Од секогаш сум се борел за правдина, и ќе продолжам...

Градоначалникот Ногачески: Од секогаш сум се борел за правдина, и ќе продолжам да го правам тоа !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот Зоран Ногачески на општина Дебрца објави неколку факти за оние кои заборавиле и кои денес тврдат дека тој некого “предал”
Во продолжение ви го прикажуваме неговиот статус:

<

➡Од 2013-2017 година бев претседател на ОО СДСМ Дебрца. Во време невреме, кога се изгуби и локалната власт. И додека многумина си стоевте во заветрина јас и тогаш бев гласен, за што трпев последици.

➡Пред четири години ја добив граѓанската поддршка за градоначалник на општина Дебрца.Во 1785-те гласови кои ги добив имаше многу и од членови и симпатизери и на ВМРО ДПМНЕ и други партии, а не само на СДСМ.
Токму затоа, основниот принцип ми беше да бидам градоначалник на и за сите граѓани.

➡Овојпат не ја добив партиската поддршка. Тоа е одлука на органите на Партијата и тука ништо не е спорно, иако не добив аргументација за таквата одлука.
И покрај се, изразувам голема благодарност до членови на раководството и партиски членови на СДСМ, со кои во изминативе 8 години успешно соработувавме и во борбата да се победи на изборите, а подоцна во креирањето и имплементација на државните и локалните политики.

➡Се разбира, за некои прашања сме имале и различни мислења, особено по прашањето за регионална депонија во Дебрца. Затоа што, мила ми е беше Партијата, ама помили ми се селата и општината.

➡Одлуката да поднесам натпартиска кандидатура е моја, а инспирирана од секојдневната поддршка на граѓаните.

➡Во изминативе четири години секогаш бев со народот и затоа со гордо крената глава поддршката ја барам од сите граѓани, без оглед на нација, вера и партија.

Заедно за Дебрца ✅ Народот најдобро знае✅

Сликата во прилог е сведок за една борба од пред неколку години. Борба за слобода на умот, која непрекинато тече, како што тече рекана Сатеска👇

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...