14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаНинџа доби нова работа во затворот, ќе ги пере автомобилите а после...

Нинџа доби нова работа во затворот, ќе ги пере автомобилите а после шест месеци го следува одмор.

Информацијата за МКД.мк ја потврдија утрово од затворот. Нинџа минатата недела на 2 септември прв пат беше излезен на викенд кој му следува откако одлежа една третина од затворската казна, и требаше да се врати вчера до 16 часот. На капија во Истражниот затвор во Шутка, Нинџа се појавил еден час пред истекот на времето и го испочитувал рокот. Сега е во полуотвореното одделение во затвор и е работно ангажиран, односно работи во возниот парк во склоп на Казнено-поправната установа и ги пере автомобилите.

Нинџа до сега од вкупната затворска казна од 7 години, има издржано 3 години и 3 месеци. Работниот ангажман е дел е процесот на ресоцијализација на осудениот.

Работната задача осудениот ја добил неколку дена пред Управата за извршување на санкции да му одобри да излезе на викенд.

Сега откако се води како работно ангажиран во Истражниот затвор во Шутка, освен викенд отсуство, по истекот на 6 месеци ќе може да користи и годишен одмор.

МКД.мк во јули објави дека специјалци од јуни во посебно одделение во Истражниот затвор во Шутка го чуваат Александар Василевски Нинџа, правосилно осуден на затвор од 7 години за настаните од 27 април.

Од затворот во Штип овој осуден, кој беше клучен сведок и во судскиот процес во кој на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски им се суди за нарачка на настаните од 27 април, 2017 година, сега е префрлен во Истражниот затвор во Шутка, каде што има специјално одделение за лица со висок безбедносен ризик.

Одлуката за да се направи трансфер на Нинџа од едниот во другиот затвор ја донела Управата за извршување санкции, бидејќи, како што изјавија, неговиот живот бил во опасност.

Во изјава за МКД.мк директорот на Управата, Марјан Спасовски, тогаш ни изјави дека Управата за извршување санкции донела ваква одлука откако Нинџа укажал дека има информација дека ќе биде нападнат од друг осуденик за одредена сума пари, која треба да му биде исплатена на напаѓачот.

Управата за извршување санкции добила известување дека Александар Василевски Нинџа има информации дека ќе биде нападнат и требало да биде убиен со нож или шрафцигер.

Според пријавата на Нинџа и информациите што тој ги имал, во мај годинава во затворот се одржал состанок на кој присуствувале Јане Ченто, Игор Југ, Горан Ангеловски – Ќосето, Кире Ѓорѓиевски, Мартин Димовски и Раин Џемаилов, сите лица сместени во крило број 3, на кој состанок на Челебија Рамаданов му била ветена парична награда и доживотно издржување на неговото семејство доколку тој со нож или шрафцигер го прободе Нинџа во стомакот и вратот.

Осудениот Василевски посочил и дека осудениот Ајрула Мемедов добил нарачка од Горан Анѓеловски-Ќосето за неговата ликвидација.

„По пријава до Управата за извршување на санкции дека на лицето Александар Василевски му е загорена безбедноста и поради сериозни закани за неговиот живот, извршен е вонреден надзор во затворот и утврдено е дека пријавата е точна. Утврдивме дека осуденото лице треба да биде сместено во Истражниот затвор во Шутка, во делот што е наменет за лица со процена на висок ризик”, изјави тогаш Спасовски.

Името на Александар Василевски Нинџа се споменуваше и во други судски постапки во кои тој беше сведок. Нинџа сведочеше и во судскиот процес Детонатор , како и во случајот Ровер.

Случајот Ровер, во кој за нарачано убиство им се судеше на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, шефот на неговото обезбедување, Зоран Трајковски и уште неколку други обвинети, а во кој клучен сведок беше Нинџа, падна на Врховен суд, кој донесе ослободителна пресуда.

Во овој процес за кој претходно беа донесени две осудителни пресуди, Нинџа до детали раскажуваше за денот на убиството, иако од него беа поминати повеќе од 10 години.

За првата постапка за настаните од 27 април, Нинџа беше осуден на затворска казна од 8 години, а Апелацискиот суд Скопје му ја намали казната за една година. Тој во текот на постапката со часови зборуваше за настаните пред и за време на „крвавиот четврток” и ги спомена речиси сите обвинети лица во својот исказ.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...