18.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаУбава вест: Паѓа бројот на заразени од корона вирус

Убава вест: Паѓа бројот на заразени од корона вирус

Се намалува бројот на заразени од Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се намалува и притисокот врз здравствениот систем.
„Овие трендови на намалување на бројките продолжуваат и на вкупниот број на новодијагностицирани. Вчера нивниот број изнесуваше околу 490, значи под 500 и се намалува и бројот на прегледи во болниците. Еден од најголемите индикатори ни се прегледите на Инфективната клиника и таму се просечно од 120, 130 кога беше големиот притисок, сега е некаде околу 90. Нема повеќе голем број на пациенти кои се хоспитализирани во тетовската болница, сега се 90 наспроти 120 кои беа претходно. Така што сите овие параметри кои ги пратиме укажуваат на тоа дека ситуацијата спласнува во овој момент и тоа се добри знаци“ истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања посочи дека интензивно секојдневно ја следат ситуацијата во училиштата, активни се сите служби. Министерството за образование и наука, потенцира, ги собира сите податоци на дневна основа, веднаш ги споделува и со нас и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Засега не гледаме дека училиштата се ризик во однос на епидемиолошката ситуација, односно здравјето на децата. Протоколите во училиштата се направени по принципите на тоа како се одвиваат препораките не само кај нас, насекаде во светот, за спречување на ширење на вирусот со маските, со дистанците итн. И овие бројки кои досега ги имаме укажуваат дека навистина е мал бројот на ученици кои се заболени. До крајот на минатата недела во четири скопски општини во две училишта во секоја од општините имаше по едно заразено дете, односно еден ученик со мал број на контакти според епидемиолошките анкети. Денеска уште дополнително двајца ученици, еден од Велес и тоа е за првпат во внатрешноста и уште едно училиште тука во Скопје, што значи дека навистина е мал бројот на деца кои досега се евидентирани дека заболеле, рече Филипче.

Имајќи предвид дека во текот на минатата година кога 40-тина проценти од вкупниот број деца кои одеа во училиште беа со физичко присуство и навистина незначителен беше бројот на деца кои заболеа во училиште, нагласи министерот, сега и со овие протоколи имајќи го во предвид тоа искуство од минатата година навистина ризикот е минимален.

– Практично доколку се почитуваат сите протоколи децата се безбедни. Во среда завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга и во Кичево, останува уште една недела за Тетово и за Гостивар. Ќе има состанок на Комисијата за заразни болести за да се евалуира дали евентуално треба продолжување, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој истакна дека нема притисок во болниците каде што висок е опфатот со вакцинација во Кавадарци, во Неготино, во Охрид, во Битола, во Ресен, во Гевгелија, а голем е притисокот таму каде што е помал опфатот на вакцинација.

– Од вкупниот број пациенти кои се хоспитализирани, а вакцинирани, најголем се со само една доза. Сепак е тоа потврда дека е потребно време да помине да се развие имунитетот. Со сите вакцини имаме хоспитализирани пациенти, имаме и со Pfizer и со Sputnik, имаме и со кинеската вакцина, имаме пациенти од странство кои се вакцинирале со Moderna. Значи, во тој дел нема некоја разлика, рече Филипче и додаде дека младите кои починаа од COVID-19 биле невакцинирани.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...