6.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаШИЛЕГОВ: КУЌАТА ВО ТАФТАЛИЏЕ ЈА НАСЛЕДИВ ОД МОЈОТ ПОКОЕН ТАТКО, ОДОБРЕНИЕ ЗА...

ШИЛЕГОВ: КУЌАТА ВО ТАФТАЛИЏЕ ЈА НАСЛЕДИВ ОД МОЈОТ ПОКОЕН ТАТКО, ОДОБРЕНИЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА ДОБИВ ВО ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

spot_img

Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција одговори на неколкунеделните обвинувања од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со неговиот имот.

<

– Денеска сум тука пред вас, како што ветив, еднаш и само еднаш, на една прес-конференција, да ги демантирам сите бескрупулозни лаги што ВМРО – ДПМНЕ ги пласира во изминативе десетина дена, а поврзани за мојата семејна куќа и за мојот имот. Мојата семејна куќа во Тафталиџе е изградена од страна на мојот покоен татко 1995 година и јас сум нејзин сопственик од 2006 година. Како што може да се види во овој договор, станува збор за куќа од приземје, прв и втор кат и покрив. Лага број еден на ВМРО – ДПМНЕ. Видно, во имотниот лист, јас сум сопственик на куќа која што се состои од приземје, прв кат, втор кат и покрив, што е фактичка ситуација и состојба и денеска. Ништо не е додадено повеќе од тоа што стои во имотниот лист. Лага број два – Шилегов прави реконструкција без одобрение. Ова е одобрението издадено од надлежниот орган Општина Карпош во декември минатата година кога е започната реконструкцијата. Лага број три – Шилегов не е сопственик на градежното земјиште. Ова е решението за приватизација на градежното земјиште. Јас уште во јуни најавив дека како ќе се ближи кампањата така ќе бидеме сведоци на разно разни искажани работи што се поврзани за мене. И така е во изминативе 8 години. Секогаш кога немаат со што да се спротивстават на политиките кои што ги креира Шилегов како пратеник, портпарол или како градоначалник на Град Скопје влегуваат во бескрупулозни лаги и црна кампања со цел да ме компромитираат мене и моето семејство. Дозволете да искажам благодарност и извинување до моето семејство што успеваме сите заедно сплотени да ја трпиме оваа црна кампања за која сум свесен дека нема да престане, без оглед на фактите – рече денеска градоначалникот Шилегов. Тој е категоричен дека на претстојните избори треба да се зборува исклучиво за Скопје.

– Поминаа две недели откако Мицкоски и Коце Трајановски застанаа зад независен кандидат за градоначалник. Не успеав ништо да слушнам поврзано со Скопје. За политиките што планираат да ги креираат за Скопје, политиките што треба да донесат поквалитетен живот во нашиот град. Знам дека тоа не им е едноставно. Затоа што во изминативе 4 години завршивме еден мост, а градиме втор, изградивме 4 булевари, преку 110 километри велосипедски патеки, ја вративме „Дрисла“ од криминалната приватизација, со стационарот „Лајка“ почнавме суштински да го решаваме проблемот со кучињата скитници, зеленилото е и тоа како видливо. Станува збор за истите луѓе кои потрошија 680 милиони евра во еден километар квадратен и кои бескрупулозно го уништуваа нашиот град. Зашто немаат одговор на политиките што ги креирав јас како градоначалник заедно со вас граѓаните на Скопје. Затоа ќе разговараат исклучиво за црна кампања, за фасади, за стиропори… – рече Шилегов. Тој нагласи дека длабоко верува во демократските, но и во човечките вредности.

– Јас сум човек којшто достоинствено ќе го истрпи сево ова. Впрочем, зошто ни е политиката, ако ја загубиме човечноста. Драги мои скопјани, јас сум вашиот градоначалник и убеден сум дека тоа го знаете и го препознавате, и во оваа кампања од мене ќе слушате само како ќе ги решаваме проблемите кои што тие луѓе ни ги наталожија. Ќе победиме и на овие избори и ќе продолжиме заедно да го градиме Скопје како една поинаква приказна, Скопје како што сите го сакаме, Скопје како што сите го замислуваме – нагласи градоначалникот Шилегов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...