13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаUncategorized @mkБугарската фондација бара да им се одземе бугарското државјанство на Македонците кои...

Бугарската фондација бара да им се одземе бугарското државјанство на Македонците кои нема да се попишат како Бугари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од бугарската фондација „Македонија“ бараат да им се одземе бугарското државјанство на оние лица, кои во Македонија се декларирале со различна етничка припадност од бугарската, а имаат добиено бугарско државјанство.

<

Виктор Стојанов од фондацијата вели дека ќе испрати писмо до претседателот на Народното собрание и до претседателот на државата со цел, да се воведат промени во Законот за бугарско државјанство

Тоа е прикажување на невистините информации пред службите и органите на Бугарија, изјави за БНР, Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“.

Според него, Бугарија прави клучна грешка во текот на последните 30 години, а во врска со почетокот на пописот Стојанов вели:

-Јас секојдневно работам со илјадници луѓе од Македонија. Вчера имав над 50 разговори, зашто почна официјалното пребројување. Попишани се 91.681 лица. Според мои внатрешни информации, како Бугари се изјасниле само 72 лица. Многу важно е да се каже дека има 130.000 илјади бугарски државјани од Македонија, кои добиле бугарско државјанство врз основа на бугарското потекло и декларираната бугарска етничка свест заверени на нотар. Поголем дел од тие 130.000 лица веројатно не живеат во Македонија и нема да учествуваат во пописот, а тие што живеат таму имаат законска обврска да се попишат како Бугари, рече тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...