8.8 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаНуредини: Починатите се изгорени до непрепознатливост, чудно е, суво дрво да беше...

Нуредини: Починатите се изгорени до непрепознатливост, чудно е, суво дрво да беше немаше да пламне за 3 минути

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сѐ траело три минути, дојдов и јас веднаш, но се беше завршено, изгорено, рече денеска координаторот на Ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини. Вели дека пациентите се спасувале и сами, со кршење прозорци, но за жал живи останале само 12 луѓе, додека 14 се мртви. Не сакаше да шпекулира за причините, но тврди дека во објектот имало и ПП апарати и надзорни камери. Сепак вели дискутабилно е како да се употребат внатре кога пожарот траел толку кратко.

<

„Тоа сѐ траеше 3-5 минути. Медицинските екипи, вработените и лица коишто беа надвор, роднини коишто сакаат да комуницираат со нас…сите тие помогнале и замислете сѐ се случи за 3 минути. За тоа време се спасија само овие 12 пациенти. Другите не се успеа бидејќи пламенот за 3 минути го опфати целиот простор“, рече Нуредини.

Вели дека кога дошол, а успеал да стигне за неколку минути се било завршено.
Ние не сме експерти баравме јавен обвинител, цел објект бил во пламен наеднаш. Мене ми е чудно и суво дрво да е, нема да гори толку брзо. Сепак не сакаме да го политизираме настанот, истрагата нека утврди како се случи и зошто изгоре толку брзо, вели Нуредини.

Починатите се пратени на Институтот за судска медицина затоа што биле изгорени до степен на непрепознатливост. Тие што се спасени биле без никакви поседици од огнот и веднаш биле транспортирани во Интерната клиника во Тетовската болница.

На прашањето зошто имало придружба и дали починал некој кој не бил пациент, Нуредини рече дека ќе се уврди дополнително. Сепак вели дека најверојатно имало некој кој не е пациент внатре, но можеби бил вработени во Клиниката а роднина на некој пациент.

„Секоја посета е казнива. Ние и порано имавме укажувања дека наводно имало посети. Веднаш пративме известувања до сите, да не се дозволува посета. Дали имало некој случај не знам. Овде има и вработени во ковид клиниката кои доаѓале кај нивни блиски Некои се и роднини. Сега бараме да ни дадат кои биле роднини и дали биле вработени во ковид центарот. Сите кои влегле биле со маска и ги почитувале протоколите, вели Нуредини.

Во последното деноноќие во Тетово поради последици од ковид починало едно лице кое е родено 1949 година со дијабет. Имало 37 прегледи, а 57 се хоспитализирани.
Faktor

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...