16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонка избрана за претседател на албанскиот парламент

Македонка избрана за претседател на албанскиот парламент

Вчера започна со работа новиот пратенички состав на албанскиот законодавен дом а во вториот дел од седницата, што се одржа доцна попладне, беа верификувани мандатите на 140-те пратеници.

Седницата продолжи со изборот на претседател. Предлогот за Линдита Никола, која етнички е Македонка, го дадоа 16 пратенички од социјалиситичката партија и лидерот Еди Рама. На тајното гласање учествуваа 137 пратеници. За Никола гласаа 79 пратеници додека четворица беа против.

-Ја прифаќам функцијата со голема одговорност и ќе го направам најдобро што можам, создавајќи простор прво за опозицијата да ги искажат своите мислења, но почитувајќи сè што овој храм заслужува според деловникот. Денеска она што можам да го кажам е фактот дека со цело знаење и срце со голема одговорност ќе се потрудам да ги исполнам очекувањата што ги имате при овој избор. Бог да ја благослови Албанија и Албанците, рече меѓу другото Никола.

Опозициските пратеници со негодување ја напуштија седницата кога Никола го почна обраќањето, откако најпрво почнаа со удирање на собранските клупи да го спречат нејзиното обраќање а потоа ги искинаа гласачките ливчиња.

Инаку Линдита Никола (56) е родена во Тирана. Таа во 1989 година дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Тирана, отсек математика, каде 2010 година магистрирала јавна администрација, насока Централна власт. Се усовршувала на повеќе унверзитети, во и надвор од земјата. Во 2003 година била избрана за пратеник, а а во еден период раководеше со Министертвото за образование.

Таа е сопруга на за проф. д-р Лигор Никола, актуелен декан на Факултетот за математичко инженерство и физика во Тирана, со кого имаат една ќерка. Лигор е Македонец, родум од село Врница, област Голо Брдо.
Пишува: Фактор

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...