13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаБогоев: Младите си заминуваат од Северна Македонија затоа што не можат да...

Богоев: Младите си заминуваат од Северна Македонија затоа што не можат да ја поднесат неправдата

После мојот избор за градоначалник, во голема мера се фокусирав на мојата комуникација преку социјалните мрежи, особено на Facebook, Twitter, Instagram, каде што имаме стапка на возвратен одговор од околу 97 % на сите канали. Но, јас го користам моето време исто така да бидам во различни населби низ општината, па луѓето знаат дека можат да дојдат до градоначалникот во било кое време, да добијат повратен одговор, па дури понекогаш да биде и негативен. И негативниот одговор е одговор, и таа двонасочна комуникација мора да постои, истакна градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, кој учествуваше на регионалната конференција во Белград (Србија), во организација на меѓународниот центар „Улоф Палме“.

Овој регионален настан обедини повеќе политичари од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Шведска, како и претставници на граѓанското општество.
Градоначалникот Богоев учествуваше на панелот каде што говореа и парламентарци од Босна и Херцеговина и Србија. Тој се осврна и на актуелните политички случувања во Северна Македонија, на демократските процеси, како и на владеењето на правото.

„Ние, во целиот регион треба да работиме интензивно на спроведување на апсолутно владеење на правото. Тоа е коренот на сите проблеми и младите во голема мера си заминуваат од Балканот, не само заради невработеноста, туку затоа што не можат да ја поднесат неправдата во системот“, истакна Богоев.

На конференцијата учествуваше и поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, кој зборуваше за развојот на државата и предизвиците со кои се соочува.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...