13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаСела: Рацете подалеку од семејствата на жртвите и од лекарите кои со...

Села: Рацете подалеку од семејствата на жртвите и од лекарите кои со сила ги терате да потпишат петиција !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како да не беа доволни 14-те живи запалени жртви, па Владата наместо да обезбеди праведни истраги и случајот да не се повтори, таа се обидува да се амнестира преку закани и уцени. Изминативе денови и понатаму се врши притисок над семејствата на жртвите и лекарите во болницата во Тетово, вели Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците по изјавите на еден од сведоците на пожарот во модуларната ковид болница во Тетово.

<

Младиот Ибин Емшиу кој во пожарот ги изгуби таткото и братот, пријавил дека му се закануваат да не прозбори и да ја каже вистината околу условите и пожарот во модуларната болница во Тетово. Од друга страна неколку лекари пријавиле дека се врши притисок над нив да потпишат петиција во одбрана на еден од директорите на болницата во Тетово, во ист стил како и обидот на директорите на клиниките во Скопје за спасување на Филипче.

Ве повикувам итно да престанете со таквите притисоци, оставете ги истражителите да ја завршат својата работа без политичко мешање. Почитувајте ги жртвите и нивните семејства, како и медицинскиот персонал што веќе сте го оставиле да работи во тешки-мизерни услови.

Ве уверувам дека, денес или утре, одговорните за палењето на 14 души, како и тие кои ја попречуваат истрагата, закануваат и уценуваат, ќе бидат откриени и изведени пред лицето на правдата“, вели во писмената изјава Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците…
Извор: Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...