4 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонија„Меѓаши“ бара настава на отворено и редовно тестирање на учениците и наставниците

„Меѓаши“ бара настава на отворено и редовно тестирање на учениците и наставниците

spot_img

Следејќи ги активно случувањата во изминатиот период, пред и по почетокот на новата учебна година, Првата детска амбасада во светот Меѓаши одлучи јавно да повика на проактивност и мобилност од страна на Министерството за образование и наука (МОН) и другите чинители кои имаат свои улоги во општествениот и образовен систем.

Интересот на Детската амбасада Меѓаши, велат тие, секогаш бил и ќе биде сите деца да добијат пристап до квалитетно образование воедно грижејќи се подеднакво за нивното физичко и ментално здравје.

„Свесни сме и имаме голем број информации кои до нас пристигнуваат како од родители, деца и други членови на семејствата така и од наставници дека учебната година со физичко присуство претставува висок ризик по здравјето, како за децата така и за вработените и за семејствата поради несоодветниот начин на организирање на наставата. Нетранспарентноста на МОН и недостатокот на информации во поглед на бројот на активни случаи во училиштата дополнително ги зголемува сомнежите и вознемиреноста кај родителите и кај нас како организација“, соопштува Меѓаши.

Упатуваат барање, МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање за сите ученици и персонал во училиштата за да се спречи неконтролирано ширење на вирусот во училиштата, што, велат тие, неизбежно ќе доведе до директно загрозување на здравјето на многумина, и секако ќе наложи враќање на онлајн настава.

„Уште еднаш гласно го пренесуваме ставот на стручни лица, педијатри и доктори, кои укажуваат на штетноста на долго носење маска и последиците по здравјето на децата! Очекуваме надлежните од МОН заедно со директорите на училиштата да изнајдат начини и да го искористат убавото време, креативноста и можностите на училишните дворови и да прилагодат дел од наставата да се одвива надвор, на отворено за да им се овозможи на децата слободно да дишат. Скратувањето на наставата и должината на часовите е уште една брза и ефикасна мерка која може веднаш да се спроведе за да се избегнат други здравствени проблеми предизвикани од долгото носење на маски“, велат од Меѓаши.

Посебно, велат тие, се погодени од сознанијата дека одредени директори на училишта не ја преземаат својата обврска да организираат онлајн настава за ученици кои тоа го побарале официјално од училиштата, но и за оние кои поради карантин се приморани да отсуствуваат од училиште повеќе од 2 недели.

„Не сакаме да веруваме дека тоа е премолчена форма на притисок и е поддржано директно од надлежните во МОН. Уште еднаш гласно сакаме да ги предупредиме надлежните, без одложување, дека имаат законска обврска на сите децата да им се обезбеди непречено следење на наставата. Ги охрабруваме родителите да се вклучат активно и преку Советите на родители и Училишните одбори да упатат барања и да предложат мерки кои ќе служат како корекција на непрактичните протоколи односно ќе донесат директни промени во интерес на децата. Родители, од вашата мобилизација, проактивност и притисок ќе зависи квалитетот на наставата под овие посебни услови и дополнително ќе придонесе децата да можат да посетуваат настава“, стои во соопштението.

Од Меѓаши очекуваат да се отпочне расправа во најскоро време за да се направат потребните измени во законот за образование и на родителите да им се даде можност за избор за „Home Schooling“, односно учење од дома.

„Сакаме да истакнеме дека МОН продолжува со кршење на основните права на децата исклучувајќи ги од наставата сите деца со посебни потреби за кои државата си презема обврска од оваа учебна година да обезбеди обучени асистенти. Помина речиси половина од првиот месец, а семејствата и децата се исклучени од можноста да посетуваат настава што е недозволиво во општество кое претендира да ги следи трендовите за развој и образование во 21 век“, велат тие.

За крај, искажуваат нивен став против евентуалното воведување на задолжителна вакцинација на децата од 12 годишна возраст со постоечките вакцини против КОВИД-19.

„Сметаме дека оваа одлука треба да ја донесе секој родител/старател по можност по претходен разговор и консултација со повеќе стручни, професионални, доверливи и високо компетенти лица кои би биле детално запознаени со целокупната состојба и историја на болести на детето како и во разговор со своето дете согласно возраста и зрелоста и дека треба да биде целосно информирана и лична одлука земајќи ги предвид сите долгорочни и краткорочни ризици и бенефити од преземениот чин и дејствувајќи во најдобар интерес на своите деца“, е ставот на Меѓаши.

Од МОН денеска соопштија дека состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Според последниот пресек на МОН добиен од училиштата, околу 0,02% од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид 19, истиот процент е и кај наставниците.

Според МОН, од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Дел од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а дел се уште се во изолација.

„Што се однесува на деталните податоци, нив ги поседуваат надлежните здравствени служби кои ги издаваат решенијата за изолација.Тоа што е особено важно да се потенцира е дека во училиштата до сега нема трансмисија на заразата. При појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите“, соопшти МОН.

МОН апелира на доследно почитување на здравствените протоколи и одговорно однесување од страна на сите засегнати чинители во воспитно –образовниот процес.

„Бидејќи, само на тој начин ќе ја одржиме наставата со физичко присуство во училница, која е во најдобар интерес на учениците инема подобра алтернатива“, велат од МОН.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...