25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПејачот Димитар за Фокус: Човек домаќин сум, затоа се кандитирав за советник

Пејачот Димитар за Фокус: Човек домаќин сум, затоа се кандитирав за советник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Политичките амбиции на поголем број на музичари и актери од земјава излегоа на виделина периодов, откако се објавија имињата на кандидати за градоначалници, но и за советници во општинските совети. Петар Георгиевски, Бени Шаќири, Горан Алачки, Димитар Андоновски, Зоран Љутков и Роберт Велјановски се дел од уметниците кои ќе се борат за јавна функција, со која веруваат дека ќе успеат да придонесат во подобрувањето на животот на своите сограѓани.

<

Пред два дена, како изненадување за јавноста дојде веста дека битолскиот поп пејач и и виолинист Димитар Андоновски е кандидат за советник на општинскиот совет Битола, предложен од страна на СДСМ.
Околу тоа кој е мотивот на музичарот кој од рано детство е дел од естрадата, да си ја проба среќата во улога на член на Советот, и на кој начин смета дека би придонел во подобрувањето на животот на битолчани, ,,Фокус” разговараше со младиот потенцијален советник.

-Како човек – уметник долго време живеев и функционирав во главниот град поради музичката професија која ми налагаше така. Пред точно шест години одлучив да се вратам во мојата родна Битола.
Тоа го направив само заради тоа што премногу си го сакам градот и сметав дека како битолчанец треба тука да го продолжам мојот живот, да основам фамилија и да придонесувам и да се борам за мојот град како од културен, така и од општествен карактер. И оние кои добро ме знаат, знаат дека сум човек домаќин и дека секогаш се борам за општото добро за сите.

Затоа и прифатив да бидам на советничката листа, со голема верба дека ќе успеам да бидам од корист за доброто на градот. Притоа, познавајќи го кандидатот за градоначалник Христо Кондовски, кој исто така како докажан домаќин, чесен човек, човек кој е докажан бизнисмен, знам дека заедно ќе се избориме Битола да биде град, пример за живот-тврди Андоновски.

И додека тој уверува дека желбата да придонесе неговиот град да оди напред на секое поле била пресудна во одлуката за кандидатурата, во јавноста се актуелни мислењата дека всушност партиите, кои предлагаат уметнички работници како свои кандидати, се надеваат да ги добијат гласовите на нивните обожаватели. Да се поттикнат помладите генерации, незаинтересирани за политика да излезат на изборите, и ако не поради партиска програма, барем поради музичкото дело на предложените кандидати, да го дадат својот глас.
За повеќе детали ТУКА
Извор Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...

Македонските организации од Сиднеј донираа над 84.000 австралиски долари за жртвите од пожарите во Кочани.

Почитувани, Со гордост ве информираме дека денес Прилепското Друштво Методија Андонов- Ченто од Сиднеј официјално потпиша договор за соработка со организацијата Супорт Кочани и изврши...