16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонија„Брима“ спроведе анкета: За кандидатите на СДСМ ќе гласале 19,8%, а за...

„Брима“ спроведе анкета: За кандидатите на СДСМ ќе гласале 19,8%, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,7%

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На помалку од еден месец од одржувањето на локалните избори, анкетата на „Брима“ покажува дека 19,8% од испитаниците би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица итн, објави „Слободен печат“.

<

Во овој момент 2,4% се изјаснуваат дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8% дека нема да гласаат. Околу една четвртина се во категорија „неизјаснети“, односно 13% велат дека се „неодлучни“, 3,7% велат „не знам“, а 7,4% експлицитно „одбиваат да одговорат“.

.Од аспект на етничка припадност, 52,2% од етничките Македонци „многу веројатно“ би гласале, наспроти 24,7% од етничките Албанци и 45,7% од другите националности.

Теренското истражување (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), е спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на репрезентативен примерок, со запазување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници.

Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...