14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветСеверина го осудува српскиот патријарх:  За ова што го направи нека се...

Северина го осудува српскиот патријарх:  За ова што го направи нека се помоли за спас на својата душа, ќе му треба

Во големото интервју што изминативе денови го даде Северина Вучковиќ, хрватската пејачка го обвини српскиот бизнисмен Милан Поповиќ дека психички ја злоупотребувал, па наброја судии, лекари, работници на центарот за социјални работи и моќни луѓе, кои, како што наведува, со нејзиниот поранешен партнер во Загреб систематски работеле на тоа трајно да ѝ го одземат детето.

Еден од тие моќни луѓе, вели, е и новоизбраниот поглавар на Српската православна црква, Порфириј.

– Тука е и новоизбраниот поглавар на Српската православна црква, славниот Порфириј, пријателот на Милан кој наводно ми простува нешто, а јас не барам прошка од него. Tој прво нека се покае за своите гревови и нека се помоли за спасение на својата душа. Ќе му треба. Порфириј, како добар пријател на Милан, дозволи детето крстено во католичката црква повторно да се крсти во православната црква без согласност на мајката. Тоа никаде го нема, изјави Северина за Х-алтер.орг.

Во изминатите неколку денови во јавноста протекоа гласини дека Северина му праќала заканувачки пораки на патријархот и дека затоа тој ја пријавил во ДОРХ (Државно обвинителство на Република Хрватска).

Набрзо пријавата до државното обвинителство беше демантирана, а медиумите ја објавија веста дека токму крштевањето на малиот Александар во православната црква е причина за нивниот конфликт.

Religija.mk

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...