13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаСветЦипрас- ФФМ Не може да се вика поинаку од Фудбалска федерација на...

Ципрас- ФФМ Не може да се вика поинаку од Фудбалска федерација на Северна Македонија”а мора да се сменат и трговските ознаки и учебниците

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одговарајќи на новинарско прашање за Договорот од Преспа, Ципрас посочи дека и Северна Македонија треба да го исполни својот дел во однос на спроведувањето на договорот и упати критики до актуелниот грчки премиер дека е „слаб и плашлив” за конкретната тема.

<

Рече дека Мицотакис се крие зад изговори, но и оти лицемерно се бореше против договорот „за да искористи конкретна струја од тој период, а денес, иако самиот ја разбра потребата да го почитува договорот, не се охрабрува да ги донесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми”, кои според Ципрас се многу позитивни за Грција.

„Едниот се однесува на одбрана на воздушниот простор на Северна Македонија од грчки воени авиони, а другите се договори со економска содржина, кои кога ти, што се поволни за тебе, не ги промовираш, немаш преговарачка сила да бараш од твоите партнери да го почитуваат и спроведат договорот. Не бара од нив да го почитуваат и спроведат договорот и ги остава опуштени. Кој има корист од ова? Да ви кажам јас кој има корист? Турција има корист од ова“, рече Ципрас, објаснувајќи дека една од намерите на Турција била „на Балканот да создаде Либија”.

Лидерот на Сириза порача дека и Северна Македонија мора да го спроведе својот дел од договорот и ги спомена трговските ознаки, учебниците, како и спортските здруженија, а како пример ја зема Фудбалската федерација, за која рече дека „не може да се вика поинаку од Фудбалска федерација на Северна Македонија”.

„Кој ќе ги притисне да го спроведат ова? Кога немаш храброст да ги донесеш за гласање, за ратификација трите меморандуми, бидејќи имаш пратеничка група која се плашиш да не ја загубиш. Толку е слаб и кукавица“, коментираше Ципрас за Мицотакис.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...