31.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонија„Организација за граѓански активизам и независност”: Мицкоски ужива поголема доверба од Заев,...

„Организација за граѓански активизам и независност”: Мицкоски ужива поголема доверба од Заев, „Брима“ со поинаква вистина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претстедателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ужива најголема доверба меѓу политичарите според резултатите од анкетата која денес ја објави „Организацијата за граѓански активизам и независност”. 15,9% од испитаниците најмногу му веруваат на Мицкоски, додека пак премиерот Заев добил доверба од 13,4% од испитаните граѓани.

<

„Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување од периодот на 1 септември до 9 септември 2021 на репрезентативен примерок на 1.149 испитаници на територијата на целата држава, со фокус на Град Скопје и општините на градот.

Според анкетата, 6,4% од испитаниците довербата му ја препишуваат на лидерот на ДУИ Али Ахмети, 8,9% на Зијадин Села. Билал Касами ужива доверба од 1,8% од испитаниците, лидерот на Левица Апасиев 4,7%, Мендух Тачи 1,1%.

Претходно, анкета објави и агенцијата „Брима“, а според резултатите, ако денеска се одржат парламентарни избори за СДСМ би гласале 19,5 проценти од испитаниците, додека за ВМРО ДПМНЕ 17, 5 отсто. Анкетата ја објави „Слободен печат“ како ексклузивна информација повикувајќи се на истражување на агенцијата „Брима“ кое другите медиуми изворно не го имаат добиено.
Според информациите на медиумот истражувањето е спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на репрезентативен примерок од 1201 испитаници над 18 години во државата. Освен за СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, 7,2 отсто од граѓаните би гласале за ДУИ, 6% за Алијанса за Албанците , а 4,7 проценти за Левица. 3,7% од анкетираните изјавиле дека нема да гласаат или „ќе пуштат неважечко ливче“ на изборите.

По ова истражување, реагираа од опозициската ВМРО ДПМНЕ дека СДСМ пушта наместени анкети со цел да ги охрабрат функционерите и членовите на владејачката партија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...