13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаОвој Македонец може да предава на 4 универзитети, но за жал никој...

Овој Македонец може да предава на 4 универзитети, но за жал никој не сака да го вработи, и покрај што лично им пишал на нашите министри!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Заев постојано ветуваше дека ќе ги врати младите во земјава, дека животот ќе се подобри, а Македонија ќе стане подобро место за живеење. Сепак, разните сведоштва го покажуваат спротивното. Еден таков доказ е и случајот со Филип Петковски кој е револтиран од институциите и државата, која не му дава шанси за подобар живот.
Статусот ви го пренесуваме во целост:

<

„Денес се јавив да го откажам станот во кој живеам… Затоа што сум невработен, а притоа решив да останам да живеам во земјава, бидејќи на пет минути читав статуси како премиерот Зоран Заев и неговата СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија сакаат да ги вратат младите во Македонија. Еве нѐ, вратени сме! Зошто сум невработен? Имам докторирано на еден од најпрестижните универзитети во светот и имам работено во неколку интернационални организации вклучувајќи го и УНЕСКО. Министерката Ирена Стефоска инистира на заштита на културно наследство, а јас сум единствениот човек во државава што има докторирано на таа тема и што вистински знае како функционира УНЕСКО. Во Министерство за култура, покрај тоа што ми ги одбија проектите поврзани со културно наследство, ми немаат вратено на ниту еден мејл, а причината (за која неформално дознав) е језива за споделување на фејсбук бидејќи ептен ќе го наруши имиџот на институцијата и на партијата. Мејлови имам пратено и во Министерство за образование и наука и до министерката Мила Царовска, но немам одговор. Со образование се бавам веќе 4 години и работев како асистент на УКЛА, а тука можам да предавам на најмалку 4 универзитети. Зошто никој не сака да ми го прочита CV-то и да ми даде шанса? Не е дека молам некого да ме бутне да работам во јавна администрација без никакви квалификации. Вистински сакам да останам во земјава и да направам некаква промена, бидејќи можам и знам. Каде грешам, како правилно да постапам?“ – пишува Филип Петковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...