6.8 C
Ohrid
четврток, март 20, 2025
ПочетнаМакедонијаСтојанка и Донка, две јатрви од кавадаречко село Сопот, вредни земјоделки, играорки,...

Стојанка и Донка, две јатрви од кавадаречко село Сопот, вредни земјоделки, играорки, спортистки…жени за почит

spot_img

На жените во денешно време малку потешко им оди усогласувањето на семејните активности и работата, а овој проблем е посебно изразен во селските средини. Најчесто тие не се сопственички на земјоделски имот или пак ако го имаат тоа е значително малку па е ограничувачки фактор да започнат сопствен бизнис. Сепак, впечаток е дека оваа ситуација полека се менува, па жените од руралните средини се препознатливи освен по работа на поле и како основачи на здруженија, организатори на разни манифестации, учеснички и победнички на истите за на таков начин се едуцираат и зајакне позицијата на жената од село.

<

Тоа беше повод Агротим.мк да посети една храбра и вредна жена од кавадаречкото село Сопот, 57 годишната, Стојанка Наумова.


Прво селската жена денес не е она што била пред 20-30 години. Денес селската жена мора да биде социјално активна, мора да познава интернет за да знае како да делува понатаму. Од земјоделството и тоа како може да се живее, но мора да се работи – многу и макотрпно. Имам чувство дека во некои делови на нашата земја луѓето мислат дека некаде ќе им цветаат рози, тоа иселување, заминувањето на младите во странство, тие мислат дека таму нема да треба да работат. Па и овде од работа може да се живее но мораш да ги засукаш ракавите, мораш да работиш – ако имaш барем едно мало парче земја, вели Стојанка.

Оваа 57 годишна вредна жена секојдневно е на поле, покрај тоа што работи сама на сопственото лозје од 2-3 декари, секојдневно од почетокот на март заедно со својата јатрва Донка работат како аргатки по тиквешките лозја.

Покрај земјоделските активности, Стојанка е ангажирана и многу други полиња, член е на Здружението на пензионери Кавадарци и на Фолклорното друштво Лира.

На 9 ти овој месец во Неготино на 25 пензионерски регионални спортски игри Стојанка како првак на јужниот регион се закити со златен медал во дисциплина атлетика. Таа е 11 години член во Здружението на пензионери Кавадарци и од 2010 до 2013 година освојува второ место во атлетика, од 2014 до 2021 година е континуирано победник на јужниот регион и освоен златен медал во атлетика, два пати на Републичко ниво има освоено второ место во оваа дисциплина.


За повеќе детали кликнете ТУКА

Извор: Агротим

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен градоначалникот на Кочани, но и двајцата негови претходници

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, бил приведен од страна на полициски службеници, доцна попладнево. Според првичните информации, освен него, полицијата уапсила и негови претходници. Уапсен...

Мвр коси се пред себе: Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено...

ЈП „Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени.

Јп Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени. -Нашата спортска сала работи согласно сите прописи...

Последно збогум: Погребани членовите на групата „ДНК“ кои загинаа во пожарот во Кочани

Денеска беа погребани членовите на музичката група „ДНК“, кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, објави МИА. Пејачот на бендот,...