30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВо учебниците ќе се брише „бугарски“ пред фашистички окупатор, вели Заев

Во учебниците ќе се брише „бугарски“ пред фашистички окупатор, вели Заев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Патоказот, описот на краткото и долгото име на држава, немешање во внатрешните работи на двете земји, соработка меѓу институциите, во инфраструктурата… се конкретните решенија на кои се работи со Бугарија, а во однос на менувањето на учебниците, во нив ќе се брише називот „бугарски“ пред терминот „фашистички окупатор“, најави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој на денешната прес-конференција не одговори конкретно дали ќе се менуваат учебниците по историја, туку кажа дека „ќе се интервенира онаму каде што пишува бугарски фашистички окупатор“.

<

На прашањето околу вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев за тоа што треба да направи Македонија, Заев објасни што треба да содржи дипломатската нота.

„Ќе треба да има дипломатска нота во која што ќе се опишува дека краткото име е исто со долгото име, односно Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија, дека немаме територијални претензии, дека не се мешаме во внатрешните работи, вклучително и за малцинските права… Голем дел од спомениците, коишто ги има и во Бугарија и во Република Северна Македонија треба да бидат во пријателски дух, така што не смее фашизмот да има етничка димензија. Кај голем дел од спомениците кај нас тоа е направено, каде што има бугарски фашистички окупатор тоа ‘бугарски‘ е избришано, стои само фашистички окупатор, затоа што не можете нација да обвините за тоа“, рече Заев, објаснувајќи ги барањата на Радев.

Во однос на учебниците Заев кажа дека има препознаено слабости и во бугарските учебници и тие се спремни да направат исправки.

„Се зборува за термини каде што стои називот на пријателската нација Бугарија е поврзана со фашистички окупатор. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено и одредени слабости кај бугарските учебници, спремни се и тие од таа страна тоа да го направат, бидејќи така се гради добрососедство, затоа што ниту во тоа време не можете да квалификувате една цела нација за определена определба“, кажа Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...