15.4 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаКривична за градоначалникот на Петровец и уште седум лица за перење пари

Кривична за градоначалникот на Петровец и уште седум лица за перење пари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Управата за финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против пет физички и три правни лица за злоупотреба на службената положба, перење пари и злоупотреба на постапка за јавни набавки во општина Петровец.

<

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, информираше дека до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднеле кривични пријави против пет физички и три правни лица.

Првопријавениот, одговорно лице во општина Петровец, градоначалник од 2009 година до денеска. Второпријавениот, во својство на вистински сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „Аце транс компани“ ДОО Скопје и правниот субјект „Леома транс“ ДОО Скопје. Третопријавенот во својство на инжeнер на надзор, четвртопријавенот во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект „СМ-БА“ ДОО и овластен потписник на банкарските сметки на пријавениот правен субјект „Чолак топ“ ДОО Батиници и петопријавениот, во својство на управител на пријавениот правен субјект „Аце транс компани“ ДОО Скопје, појасни Муареми.

Против овие лица, посочи Муареми, постојат основи за сторени кривичи дела за „злоупотреба на службената положба и должност“, „поттикнување злоупотреба на службената положба“, „злоупотреба на постапка за јавно приватно партнерство“, „помагање“ и „перење пари и други приноси“.

За повеќе детали ТУКА
Извор Фокус

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...