33.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаАбдурахмани: „Везешари“ веќе продава јајца во НАТО, ги охрабрувам македонските компании да...

Абдурахмани: „Везешари“ веќе продава јајца во НАТО, ги охрабрувам македонските компании да ја искористат оваа можност!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Преку НАТО Центар за поддршка на домашните компании што од денеска ќе функционира во Министертсвото за одбрана, фирми од земјава ќе може да учествуваат на тендери за потребите на Северноатлантската алијанса, кои на годишно ниво изнесуваат 5 милијарди евра.

<

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска порача дека во НАТО центарот домашните компании ќе имаат поддршка, не само административна, туку и за успешно аплицирање на тендери и поврзување со светските гиганти кои веќе имаат договори со НАТО-агенциите, а имаат потреба и од добавувачи.

– Нашето членство во НАТО Алијансата сакавме да го гледаме и како шанса за зголемена ефикасност и мислам дека денешното отворање официјално на Центарот покажува дека навистина сме ја зголемиле ефикасноста и на нашите институции. Со навистина многу добра соработка со Министерството за финансии успеавме во многу брз рок да се донесе законот којшто ни ја даде шансата да се формира Центарот и да се отвори процедурата за домашните компании, рече Шекеринска.

Информира дека веќе има и заинтересирани компании кои сакаат да ја почнат процедурата за учество во НАТО тендери.

– Нашата поддршка ќе биде сеопфатна и суштинска, и затоа ги охрабрувам домашните компании да се впишат во евиденцијата на економски оператори и да се здобијат со потврда којашто ќе ја издава Министерството за одбрана за исполнетоста на условите за учество во постапките на НАТО тендери. Сите информации можат да ги добијат на веб-страницата на МО, а ќе се настојува процедурата да биде наједноставна и најбрза, рече министерката за одбрана.

Една од домашните компании која веќе има искуство како добавувач е Живинарската фарма „Везешари“ од село Требош – Тетовско.
Сопственикот на компанијата, Арбен Абдурахмани посочува дека продажбата на домашните производи во НАТО е одлична можност за македонските компании за пласман на производите и зголемен профит.

-Ние веќе неколку години продаваме јајца во НАТО преку компании кои се јавуваат на тендери наменети за снабдување на кујните за војниците.

Се заинтересиравме за процедурата, ги исполнивме условите, дојде комисија која ја утврди фактичката состојба во фармата, дали ги исполнуваме нивните утврдени стандарди и ја добивме дозволата со која можат компаниите да купуваат јајца од кај нас. Оваа процедура на следливост на производот, значи од набавката на еднодневно пиле, квалитетот на храната за кокошките, условите во кои се одгледуваат и технологијата до произведено јајце, комисијата на НАТО ја врши секоја година и со тоа ни го продолжува одобрувањето – вели за Агротим, Абдурахмани и додава дека македонските компании треба да работата да можат да ги исполнат условите и затоа ги охрабрува да ја искористат оваа можност.
За повеќе детали,Тука
Извор:Бриф

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...