21.5 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаЛефков: Ако дрогата е од 2016, немало црногорските власти да знаат дека...

Лефков: Ако дрогата е од 2016, немало црногорските власти да знаат дека во се крие во тоа возило, очигледно е дека се работи за пресретнат шверц

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Има ли скандал кој не и се случи на државата под водство на криминалниот дует Спасовски – Заев. Станавме и за потсмев на регионот. Оливер Спасовски е должен и одговорен како министер за внатрешни работи да и објасни на јавноста зошто врши институционализација на криминалот? Како МВР водена од Оливер Спасовски успеа да стане дувло на криминал. Запленетата дрога во возило на МВР во Црна Гора проследена со смешното и патетично објаснување за заборавена дрога од пред 5 години уште еднаш покажува дека МВР на Спасовски наместо да ги гони и лови криминалците со дрога, истите ги заштитува, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

<

– Јавноста знае кој во изминатите 5 години произведува, шверцува и работи со дрога. Семејството Заеви како сопственици на најголемите плантажи за производство на марихуана, началникот Чипсио и шоферот на Заеви како докажани шверцери, а сега дали во таа низа и официјално се вклучи и Спасовски? Зошто Спасовски молчи за случајот со запленетата дрога во Црна Гора? Смешни се објаснувањата од МВР дека дрогата е од 2016 година и истата е во возилото. Од 2016 година до денес има повеќе од 5 години,а Оливер Спасовски без прекин министер во МВР и тој имал доволно време да се запознае секое едно делче од министерството, а не да му остане дрога во автомобил. Кого лаже Спасовски? Ако возилото било на МВР, и дрогата е од 2016 година, а не од сега, како знаеја црногорските власти дека токму во тоа возило има дрога? Знаеме дека полициските сили низ државите работат со дојави и информации кои ги поседуваат партнерските служби, тоа што фатиле дрога во возило на МВР говори дека дрогата не е од пред 5 години, туку од сега, рече Лефков.

Лефков уште порача и „ЈО да не чека на Спасовски кој добро глуми, нека ги праша црногорските власти за помош, и тоа нека ги праша од каде е дрогата, каде требала да биде испорачана и кој стои зад нарачката, очигледно е дека станува збор за пресретнување на шверц на дрога. Доколку ЈО не побара таква помош очигледно станува дека ги штити криминалците во МВР под водство на Спасовски, кој им е шеф не само службено, туку и во криминал“.

– Доколку дрогата била од 2016 година, таа немала да седи во возило на автопаркот во МВР со години, туку веќе ќе била уништена. Секоја заплена на дрога се регистрира, а дрогата се уништува, не се чува во МВР. Очекуваме ЈО да постапи стручно и професионално, сите факти во случајот се на дофат на рака. Одговорност за директните шверцери, нивните налогодавци, но и за Спасовски, кој е прв во институцијата на кој овој скандал му е еден во низата многу скандали кои го тресеа МВР, посочува Лефков.
Извор: Vesnik.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...