9.9 C
Ohrid
сабота, февруари 24, 2024
ПочетнаМакедонијаБорис Трајковски најпопуларен политичар во изминатите три децении

Борис Трајковски најпопуларен политичар во изминатите три децении

Придружувајќи се кон одбележувањето на трите децении независност и самостојност на денешна Република Северна Македонија, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за општествени истражувања „МК91“ ја издаде публикацијата „30 години независност“.

Публикацијата е составена од теоретска анализа и од испитување на јавното мислење и има за цел да фрли дополнително светло врз овој период од најновата историја. Испитувањето на јавното мислење беше спроведено во текот на месец август 2021 година. Големината на примерокот вклучува 1110 испитаници, со задржување на генералниот сооднос во поглед на базичните демографски карактеристики (пол, возраст над 18 години, етничка припадност, професија и образование), со истовремено почитување на соодветната географска балансираност.

При спроведувањето на истражувањето користена е квантитативна истражувачка методологија на собирање на податоци (преку телефонска анкета), што овозможува веродостојно и прецизно скенирање на ставовите на генералната популација. Маргиналната грешка се движи помеѓу +/- 2.9% со 95% интервал на веродостојност. Анкетата е спроведена од Институтот за политички истражувања (ИПИС).

Прашањата може да се поделат во шест групи:

Прашања кои се однесуваат на начините како е изведен процесот на стекнувањето на независноста на денешна Северна Македонија преку раздружување од СФРЈ;
Прашања што се однесуваат на клучните предизвици со кои се соочува државата во изминатите 30 години, како што е зачленувањето во НАТО, процесот на европски интеграции, приватизацијата, како и трите договори: Преспанскиот со Република Грција, Договорот за пријателство и соработка со Република Бугарија и Охридскиот рамковен договор;
Прашања кои се однесуваат на улогата и наследството на клучните политичари од периодот на стекнувањето на независноста до денес;
Прашања кои се однесуваат на релациите на државата со други релевантни држави и организации;
Прашања кои се однесуваат на состојбата во дел од клучните области изминатите три децении, како што е економијата, образованието, здравството и исселувањето;
Прашања со сумарен карактер во однос на очекувањата за развојот на државата во следните 30 години.

Врз основа на резултатите од истражувањето, може да се изведат следните покарактеристични заклучоци:

Според одговорите на испитаниците, најпопуларните политичари изминатите три децении се: Борис Трајковски (42% од испитаниците го оцениле со највисоката оценка 5), Киро Глигоров (33% од испитаниците го оцениле со највисоката оценка 5) и Никола Кљусев (21.1% од испитаниците го оцениле со највисоката оценка 5).
43.1% од испитаниците сметаат дека државата има успешен развој изминатите три децении, што претставува разлика од 6.9% во однос на оние што имаат спротивен став.
Според одговорите на испитаниците, најпозитивните нешта изминатите три децении се: стекнувањето на независноста на државата (15%); процесот на интеграција и самата интеграција во ЕУ и во НАТО (6.3%) и напредокот и модернизацијата на земјата (2%), додека најнегативните се: криминалот и корупцијата (12.7%); економијата и животниот стандард (7.1%) и политичката нестабилност (3.1%). Во овој дел важно е да се укаже дека високи 70% од испитаниците не можат или не знаат да одберат кој настан е најпозитивен во изминатите 30 години, како и 56.8% од испитаниците кои не можат или не знаат да одберат кој настан е најнегативен изминатите три децении.
46.3% од испитаниците го поддржуваат Охридскиот рамковен договор. Иако поддршката на овој договор е поизразена кај припадниците на албанската етничка заедница, сепак може да се констатира дека 20 години по неговото потпишување, свесноста на мнозинството од граѓаните во однос на неговите ефекти и придобивки е прилично висока.
38.5% од испитаниците го поддржуваат Договорот за пријателство и соработка со Бугарија. Овој низок праг на прифатливост, може да се доведе во неспоредна корелација со вкупното незадоволство на граѓаните од односот на Бугарија, кое кулминира после ветото на нашиот источен сосед за почеток на преговорите на државата за членство во ЕУ.
41.5% од испитаниците го поддржуваат Преспанскиот договор со кој беше надминат спорот околу името „Македонија“. Анализата на резултатите упатува на заклучокот дека наспроти првичниот изразен песимизам во периодот веднаш по склучувањето на Договорот, три години подоцна расположението кај граѓаните доживува континуирана позитивна промена.
59.8% од испитаниците го поддржуваат членството на Северна Македонија во НАТО. Причините за ова значително ниво на прифаќање треба да се бараат во краткорочните придобивки, како и во долгорочните очекувања за ефектите по стабилноста на државата кое го овозможува членството во оваа меѓународна организација.
38% од испитаниците позитивно го оценуваат процесот на евро-интеграција. Ниската оценка е резултат на долгогодишниот застој на европските интеграции, најмногу како резултат на билатералните предизвици на земјата во односите, прво со Грција, па со Бугарија.
Во однос на западните држави-сојузници, важно е да се нагласи перцепцијата на испитаниците за Сојузна Република Германија (69.5% имаат добро, многу добро или одлично мислење) и за САД (57.4% имаат добро, многу добро или одлично мислење). Ваквиот резултат има основа во континуираната повеќедецениска поддршка на двете држави во насока на остварување на државните приоритети на Северна Македонија, особено во однос на европските и на евро-атланските интеграции, како и во однос на вкупниот внатрешен развој на државата.
Испитаниците дават позитивни оценки и за Кина (60.2% имаат добро, многу добро или одлично мислење), Русија (61.6% имаат добро, многу добро или одлично мислење) и Турција (79.5% имаат добро, многу добро или одлично мислење). Причините за ваквите впечатоци се дивергентни. Имено, во случајот со Турција или со Русија важен елемент претставува културолошката блискост што ја чувствуваат различни делови од граѓаните за овие држави. Меѓутоа, како поважна причина која е заеднички именител за трите држави заедно е нивната долготрајна децениска дипломатска активност насочена пред сé кон користење на проблемите на државата при интеграцијата во НАТО и во ЕУ, со цел создавање впечаток во јавноста за високо ниво на поддршка.
За 35.6% од испитаниците, во следните три децении државата ќе се развива подобро, за 22.6% државата ќе се развива полошо, додека за 16.6% од испитаниците државата ќе има сличен развој како и досега. Ова значи дека за 13% е поголем бројот на испитаниците кои позитивно гледаат на развојот на државата во следните 30 години, што упатува на заклучокот дека постои изразено ниво на оптимизам кај испитаниците во однос на иднината на Северна Македонија, а причините за тоа треба да се бараат во посилниот државотворен капацитет на граѓаните, како и во нивната приврзаност кон остварената независност на државата.
Публикацијата „30 години независност“, може да се преземе во електронска форма на следниот линк: https://bit.ly/3ujLbvV

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Штипјанец на куќата си направил мини ветерница, па сега комшиите се жалат бидеќи била бучна па неможеле да спијат навечер !!

Мини ветерница на покрив во Штип Ентузијаст од улицата „Димо Хаџи Димов“ во Штип на покривот од својата куќа си направил мини ветерница. Експериментот веројатно...

Џафери “упадна” во СВР Тетово, па ги искара вработените: Колку луѓе тука работите во оваа канцеларија ?!?!?!

Во улога на инспектор, техничкиот премиер, Талат Џафери беше во посета на СВР Тетово. Тој во една канцеларија затекна куп луѓе, а на прашање...

Сашко Коцев: Ајде сите пред МВР да играме оро и да не сликаат групно за пасош, исто како на свадба !!!

На „Златна бубамара“ се врати Сашко Коцев, откако лани не го водеше шоуто поради претходно договорени обврски. Коцев не беше официјален водител, туку неговите...

Пасоши ќе има за сите: Дочек на обрасците за пасоши на „Богородица“

Дочек на обрасците за пасоши на „Богородица“ Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Граничниот премин Богородица, синоќа ги пречека новите 140.000 обрасци...